Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мистериозна ограда против мигрантите

0
By Нова ТВ on August 24, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 24, 2020 13:59

На земјениот пат од селото Миратовци на крајната јужна точка на Србија кон Северна Македонија, речиси и да нема никој. Стои табла со натпис „Граничен појас – забрането движење во граничниот појас без дозвола”. Тоа е патот што води до оградата за која се шушка со денови.

Малку подолу стои една од многуте полициски патроли. Нè застануваат српска и австриска полиција која е тука во состав на „Фронтекс“ и тие не дозволуваат да се оди понатаму. Ги прашуваме за оградата. Дали навистина постои? – За што служи? – Кој ја прави и зошто? – Насмеана полицајка со раката покажува кон границата, но одговара дека не може понатаму и дека мора да се вратиме назад. „Дојче Веле“ бесполезно чекаше на одобрение од граничната полиција, иако барањето го пративме неколку дена порано.

Државата го купила земјиштето

На истиот тој земјен пат на враќање среќаваме мештани од Миратовци на трактор, село населено со Албанци.

Човекот оди во полињата со пченка кои се насекаде и на лош српски јазик кажува дека „не зборува српски“. Вели не знае ништо за оградата, зашто неговата нива е далеку од границата, а тој не оди до граница. Додава дека долго не видел мигранти да проаѓаат по тој пат кој пред пет години беше дел од балканската рута. Тоа било прва станица во Србија за мигрантите кои доаѓале во колони. За жичаната ограда која ги дели Србија и Македонија се шушка со денови, се појавија и први фотографии, но детали не се познати.

За оградата во изминатите денови зборуваше само претседателот на општина Прешево, Шќиприм Арифи, кога изјави дека оградата ја гради Србија и тоа во договор со Европската Унија (ЕУ) за да спречи влез на мигранти во земјата. Но, ЕУ издаде соопштение во кое се негираат наводите. Во соопштението се вели дека од почетокот на 2015 година, ЕУ донирала значителни финансиски средства и техничка помош во висина од 100 милиони евра, но дека тука не е вклучена оградата и дека тоа не е дел од никаков договор. Полицијата патролира долж границата, а оградата речиси никој ја нема видено.

Еден земјоделец вели дека државата од него купила хектар и половина земјиште, но дека уште ги нема исплатено парите. Не знае ни колку треба да добие, ни кога. Само тоа дека ќе му биде платено. Покажува дека оградата оди од автопатот до брдото над Миратовци што е отприлика еден километар.

Се бараат одговори

Од српската страна на границата само се нагаѓа за што може да служи оградата, кој ја гради и зошто ја чуваат и српска и австриска полиција. Ни од македонската страна не знаат многу повеќе.

До оградата пришол македонскиот фоторепортер Роберт Атанасовски кој работи за АФП. За ДВ вели:

„До оградата се доаѓа преку граничниот премин „Табановце“, се оди по пругата пешки околу еден и пол километар. Жицата се протега низ шумата и не се гледа цела, јас видов само делови по 50 или 100 метра. Има таму и некои работници кои кратко работеа и потоа заминаа. Никој не ја чува оградата, нема полиција, бидејќи таа е од српската страна, а нашата полиција вели дека не ја видела и ништо не знае за тоа. Оградата изгледа сериозно, како онаа меѓу нас и Грција, сигурно е околу два и пол метри висока“, раскажува Атанасовски.

Не се знае и натаму дали некој во наредните денови ќе излезе со повеќе информации за причините за подигање на оградата на границата меѓу Србија и Северна Македонија. Засега невладините организации кои се занимаваат со прашањата поврзани со бегалците од Србија, бараат да се изјасни дали ја променила својата политика спрема мигрантите.

граница Жичана ограда Македонија Мигранти Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.