Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митева: Не се исполнети законските услови за протестот што се одржа од страна на Синдикатот на УПОЗ

0
By Marija Todorovska on January 14, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 14, 2025 15:16

Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска на прес-конференција посочи дека не се исполнети законските услови за протестот што се одржа од страна на Синдикатот на УПОЗ и напомена оти постојат сомнежи дека истиот е политички мотивиран. Таа подвлече дека Владата е партнер на сите и е отворена за сите предлози и сугестии.

Секој штрајк треба да биде организиран во согласност со Законот за работни односи и колективните договори. Треба да биде најавен согласно Законот, да биде спроведена и постапката за помирување која воедно е задолжителна и да се определат нужни работи кои мора да се вршат. Бидејќи за жал ниту еден од овие постоечки законски услови не е исполнет, говори за незаконитост на штрајкот и отвора силен сомнеж дека овој штрајк е политички мотивиран, рече Митева.

Според Митева, изненадува фактот првиот чекор што го презема УПОЗ наместо дијалогот, кој е прв демократски начин и метод за функционирање.

За само шест месеци успеавме да постигнеме договор за покачување на платите на вработените во здравството, во образованието, а се покачија и пензиите. Владата обезбеди и додаток на плата и к-15 на сите вработени, рече Митева.

Таа напомена дека има бројни механизми преку кои може да се отворат овие прашања, а воедно тоа е и Економско-социјалниот совет кој го формираше Владата, каде Синдикатот партиципира и требале и можеле да го отворат ова прашање.

Интересно е што изминативе години овој Синдикат како да молчеше за ова прашање и со жалење мораме да истакнеме дека отворено се сомневаме дека зад ваквиот чекор стои политичка позадина на Синдикатот, кој делува како продолжена рака на партиите кои до сега за жал ги злоупотребуваа правата на работниците. Како Влада гледаме реално на работите и не сме задоволни од нивото на платите во администрацијата, но повторувам дека дијалогот е вистинскиот начин за изнаоѓање на решение, посочи Митева.

На новинарско прашање дали е возможно да се реализира покачување на платите за 30 проценти како што бара Синдикатот, Митева одговори дека секогаш се отворени за дијалог и како Влада ќе пристапат кон изнаоѓање на решение.

Кажавме дека секогаш сме отворени за дијалог, преку кој како Влада ќе пристапиме кон изнаоѓање на решение. Како Влада дадовме директна и сериозна динамика на работа на тој Економско социјален совет. Имаме еднаш месечно средби, каде што сите засегнати страни можат сите прашања да ги отворат. Морам да потенцирам дека до сега такво нешто немаше отворено на тие средби. Не цениме дека е правилно да се преземе првиот чекор како штрајк, затоа што мислиме дека покажавме изминатите шест месеци дека можеме и знаеме како да водиме дијалози и како да ги реализираме барањата. Повикуваме на дијалог, а не на штрајк, додаде Митева.

Влада Митева протест УПОЗ штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.