Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Избори во моментот не се приоритет за ВМРО-ДПМНЕ, мандатот на пратениците е завршен

0
By Нова ТВ on April 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овој состав на Парламентот е поранешен и мандатот на претниците со неговото распуштање е завршен. Тие го вратија легитимитетот назад кај граѓаните. Единствен што може да ја наполни салата во Собранието е народот. Не може ниту Зоран Заев, ниту група на пратеници да се обидуваат да го кршат Уставот, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски на прес-конференција уште еднаш повтори дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ сега не се предвремени избори, туку надминување на состојбата со коронавирусот.

„Одржување на предвремените парламентрани избори во услови на пандемија на ковид-19 и секојдневна борба со инфицирани луѓе и жртви, кога се соочуваме со економска, санитарна и образовна криза, па и воопшто кога имаме кризна состојба, не еден од приоритетите. Најпрво да се избориме за здравјето на граѓаните, да ја вратиме економијата на победничките патеки, а потоа можеме да размислуваме за избори“, истакна Мицковски, одговорајќи на прашање „дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на избори ако тие се одржат на крајот на јуни или во почетокот на јули“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата ја обвини Владата дека во првите три месеци од годинава потрошила нешто под 43 отсто од вкупно планираниот буџетски дефицит за 2020 година или 120 милиони евра повеќе од тоа што е собрано во државната каса. Со тоа, нагласи Мицковски, власта го задолжила секое македонско семејство по 15.000 денари во просек.

„Анализите покажуваат дека врз Буџетот е направен смислен и добро организиран грабеж на народните пари. Трошено е безмилосно, расипнички и недомаќински, а за тоа постојат и конкретни бројки. Само во март се потрошени 50 милиони евра повеќе од она што е собрано во Буџетот, а лани истиот месец биле потрошени само седум милиони евра“, обвини Мицковски. Тој додаде дека во првите три месеци од 2017 година биле потрошени 19 отсто од планираниот буџетски дефицит, во 2108 година околу 17 отсто, а лани нешто над 18 проценти од планираниот буџетски дефицит.

ВМРО-ДПМНЕ избори пратеници Собрание Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.