Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски како советник во Владата добивал по 1100 евра месечно

1
By Нова ТВ on June 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски зел 20 000 евра хонорар за неговиот ангажман како советник за енергетика на екс премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев.

Мицкоски бил советник од април 2015 до октомври 2016. Во овој период,  месечно му биле исплатувани по 68.000 денари или 1100 евра. Хонорар не добил за последните два месеци.

На последниот дуел со премиерот Заев, Мицкоски кажа дека работел про боно во Кабинетот на Груевски и на Димитриев.

Според СДСМ документите покажуваат дека Мицкоски не ја говорел вистината кога рекол дека додека советувал Никола Груевски не добивал пари.

„Додека граѓаните осиромашувале, додека се уништувала економијата и се трупале огромни долгови, Христијан Мицкоски ги чинел граѓаните 2 милиони денари„ пишува во соопштението од СДСМ.

Од партијата на Мицкоски велат дека „ова е обид на власта преку излитени и невистинити тези и тешки лаги и преку злоупотреба на информациите да се сокрие осиромашувањето на граѓаните и колективната кражба што ја прави на државата“.

 

Од ВМРО ДПМНЕ објавија Документ кој Мицкоски го склучил со Владата во октомври 2016 година кога е ангажиран како надворешен советник за енергетика. Договорот е за една година – до октомври 2017 година и и е без паричен надоместок. 

Овој Договор е склучен во октомври 2016 година кога  Мицкоски е именуван за генерален директор на АД ЕЛЕМ.

Критики за големиот број на ангажирани советници беа упатени и кон новата Влада на Заев – тој има  56 советници и надворешни соработници.

По јавните прозивки зошто на премиерот му се потребни толку советници, од Владата изјавија дека сумата за плати  е тројно помала од онаа што била издвојувана за советници во претходната Влада. Груевски имал  91 советници и надворешни соработници – за кои годишно се исплатувале по 1,73 милиони евра.

 

Влада Груевски Мицкоски советник хонорар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.