Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски од Струмица и Радовиш: Гарантираме изградба или реконструкција на 2.000 улици низ цела држава, на 100 градинки и 150 училишта

0
By Sashko on October 4, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот централен митинг на опозицијата во Струмица порача дека градот е заробеник од алчноста на Заев, односно како што рече тој повеќе од една деценија е заробеник на една фамилија, додавајќи дека време е тоа да престане.

Повеќе од една деценија градот е заробеник на една фамилија. Чесните луѓе ги надгласува со купени гласови. А парите се вртат во истиот затворен круг. Владее со уцени, закани и притисоци, рече претседателот Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ нуди 14.835 проекти за сите општини кои значат решавање на проблемите на граѓаните.

Програмите кои ги нудиме содржат вкупно 14.835 проекти од различни сфери и области и се решенија за реалните проблеми на народот. Гарантираме изградба или реконструкција на 2.000 улици низ цела држава, градба или реконструкција на 100 градинки и 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини, дигитализација за ефикасни општини и многу други проекти, од кои што став во коски имаат овие неработници, криминалци и измамници, вети лидерот на опозициската партија.

Пред струмичани се обрати и кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов. Тој на вечерашниот митинг истакна дека „се надвиснале проблеми над нашата заедница, општина и татковина“ и презема обврска за нивно решавање, доколку ја добие довербата на граѓаните на претстојните локални избори на 17 октомври. 

Тој рече дека програмата на претходниот градоначалник е нереализирана, голем дел остана неостварено од она што беше ветено, а причината зошто тој не е повторно кандидиран е неговото противење на лошите договори кои оцртале како владее оваа власт.
Мојот противкандидат Костадин Костадинов зборува за образование, а ваму местото кое што е предвидено во урабнистичкиот план за училиште ќе го правел, замислете, боемска улица. Од пазарот наречен „Чешел“, од едно несредено место за продавачи и купувачи, сега ќе направеле боемска улица. Зборува Костадинов и за Старата чаршија, како струмичани да не се сеќаваат дека чаршијата почна да пропаѓа откако се отвори наводно најдобрата инвестиција „Глобал“.  А  кога веќе сме кај  Глобал, да потсетиме дека  до  денеска  нема  расчистување на причините за пожарот, а тие интензивираат сликање по митинзи, критикуваше кандидатот.

Тој вели дека власта во Струмица може да се пофали само со фабриките кои се донесени од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што немаат донесено ниту една инвестиција за струмичани. Дрвошанов најави детална анализа за неодговорното работење на власта во Струмица.
Во деновите што следуваат вашата доверба ја бараме заради изградбата на новата булеварска инфраструктура која ќе ги поврзува граѓаните. Доверба заради изградба на современ градски пазар со можност повторно Струмица да го врати својот препознатлив  изглед со своите квалитетни производи. На Струмица и е потребна заложба за модерното и извозно ориентирано земјоделско производство, потребни и се нови понуди за стопанските гранки, нови вработувања и подобар стандард за граѓаните, нови можности за културен и спортски живот, истакна Дрвошанов.
Тој вели дека еден од приоритетите е Струмица да биде еколошки чиста без диви депонии кои го загрозуваат здравјето на граѓаните.
Мојот збор пред вас вечерва е силен и означува сигурна реализација на ветеното, сигурно решавање на проблемите. И затоа Ве повикувам да ни се придружите. Да ги посетите вашите пријатели и да ги потсетите дека на 17-ти октомври, Струмица и Македонија се пред решавачки избор. На 17-ти октомври во Струмица бројот 7 да значи победа и создавање на нова иднина, посочи Жан Дрвошанов на митингот во Струмица вечерва.

Карванот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Струмица пристигна од Радовиш. Претседателот Мицкоски пред радовишани порача дека не прави пактови со криминалци и измамници и му порача на политичкиот опонент Зоран Заев дека „е за чиста Македонија од криминалци и измамници како што се оние на власт“. 

„Од овие локални избори зависат многу работи, сите поврзани со иднината на нашата Македонија, изборот е едноставен на овие избори или ќе продолжи корупцијата, криминалот, хаосот, немањето правда, стагнацијата на државата, експериментите во образованието, пропаѓање и нехуман однос кон земјоделците, предавствата или ќе создадеме сите заедно една нова, поинаква, различна и подобра иднина, истакна Мицкоски.

Тој праша „дали народот е подготвен да подари нови четири години на истите луѓе кои веќе два пати до сега ги изневерија очекувањата, даваа лажни ветувања и потонаа во својата моќ и ароганција, во корупција играјќи си со животите на граѓаните, дали радовишани живеат најдобро, нивната ароганција која му пречи на народот е содржана во нивниот слоган, вели Мицкоски.

Педест и два месеци Зоран Заев го возат во службени лимузини, 52 месеци семафорите се палат и гасат за Заев, 52 месеци ги злоупотребува привилегиите на власта, а што има за возврат направено за народот? – Нормално ли е премиерот да се вози во ново патничко возило БМВ, додека народот страда за леб, земјоделецот едвај врзува крај со крај? –  Педесет и два месеца се власт, а имаат потрошено 16 милијарди евра народни пари. Гледате ли некој нов автопат што самите го изградија, а ветија 500 километри автопати, ветија раст на економијата од 5 отсто годишно, а просекот во овие месеци е скромни 1,25 отсто, посочи Мицкоски.

Тој вели дека повисоките цени го јадат семејниот буџет, половина милион луѓе живеат со 150 денари на ден, а покачени се цените на маслото, на млекото, на брашното, денеска по кој знае по кој пат се покачи и цената на бензинот, а се најавува и она кое ВМРО-ДПМНЕ го говореше – покачување на цената на струјата.

Радовишани имаа прилика да го слушнат и предизборното обраќање на опозицискиот кандидат за градоначалник, Ацо Ристов.

Тој пред своите сограѓани вети нов културно-деловен центар со подземен паркинг за 200 возила, деловни простории, угостителски објекти, затворен мултифункционален атриум за 1.500 луѓе, галерија и дел за домување. Понатаму, Ристов истакна дека ќе направи комплетно нов градски пазар со што ќе се реши долгогодишната мака на земјоделците и граѓаните кои до сега купуваат и продаваат производи во услови како да сме во 19-тиот век.

Со проектот нов градски пазар со рекреативен центар конечно ќе се реши деценискиот проблем во Радовиш од потребата од уреден простор, каде сите радовишани ќе најдат по нешто за себе од понудените содржини. На локацијата под Канлиевата воденица на само 500м од Радовиш на површина од 10 хектари, ќе никне парк за рекреација со зеленило и урбана за најстарите, детски луна парк за најмладите и спортски терени, велосипедска патека, базен, дискотека, ресторан и ново место за рекреација и спорт за сите граѓани, истакна Ристов.

Ристов како свој најважен проект го посочи ,,Радовиш – енергетски независен град”, со кој радовишани нема да плаќаат улично осветлување и секој граѓанин ќе добие субвенција од 50 отсто доколку изгради фотоволтаик за сопствени потреби до 50 KW за својот дом, доистражување на геотермалниот потенцијал на топлата вода во Раклиш од каде се можни проекти за затоплување и бањски туризам, како и стратешка цел за гасификација на Радовиш.

ВМРО-ДПМНЕ локални избори 2021 Македонија Радовиш Струмица Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.