Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Предложивме три термини, 23 и 30 август, како и 13 септември, но здравјето пред сè

0
By Нова ТВ on May 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ на денешната лидерска средба во вила Водно предложила три термини за одржување на предвремените парламентарни избори: 23 и 30 август, како и 13 септември. Овие термини, како што изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски по средбата, не се фиксни, туку зависат од состојбата – најоптимален би бил оној кога би била и најмала опасноста од коронавирусот по здравјето на граѓаните.

Мицкоски изрази надеж дека нема да има, како што нагласи, едностран акт на насилство од неколку партии во однос на одредувањето датум за избори. Очекува постигнување консензус со што ќе се потврди дека на партиите им се најбитни граѓаните, а не политичкиот интерес. „Да ја напуштиме политичката логика и да се повикаме на логиката на граѓаните, на државноста и да го следиме развојот на панедмијата“, порача Мицкоски.

Тој се пожали на извештајот од Комисијата за заразни болести која, рече, доставила многу бледо, некомплетно и нецелисходно соопштение во кое се наведени веќе постоечките заштитни мерки и  препораки, а во неа има и член кој е кандидат на СДСМ за пратеник.

Истакна и дека на лидерската средба претседателот на СДСМ, Зоран Заев поставил ултиматум, а тоа е нешто под кое ВМРО-ДПМНЕ, напомена, не работи, ниту носи одлуки. Од трите предлози, потенцира Мицкоски, остануваат оние кога здравјето на граѓаните ќе биде најмалку во опасност.

„Цениме дека кон крајот на август и почетокот на септември вирусот ќе има најмал интензитет и тогаш здравјето на граѓаните ќе биде најмалку доведено во опасност. Дадовме предлог датуми, но велиме дека од овој момент натаму ќе ја набљудуваме состојбата и врз основа на неа ќе се произнесеме“, напомена Мицкоски, додавајќи дека е многу битно да биде обезбедена и набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Мицкоски уште еднаш повтори дека ВМРО-ДПМНЕ има единствен приортет – заштита на здравјето на граѓаните. Според него, август или септември се најоптимални рокови и за да и се остави време на Владата „да се размавне“’, да ги спроведе економските мерки како оние што беа соопштени вчера.

„Да и дадеме можност на Владата да се размавне и ние како опозиција да ја поддржиме, да ги подготвиме протоколите и да ги заштитиме граѓаните“, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски информира и дека на лидерската средба имало многу правни дилеми кои биле елаборирани. ВМРО-ДПМНЕ го ставила на маса и повторното ажурирање на списокот за гласањето на дијаспората со оглед дека досега некои од избирачите навршиле 18 години.

ВМРО-ДПМНЕ датум избори Коронавирус лидерска средба Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.