Македонија со пораз го заврши дебитантскиот настап на Европските првенства за фудбалери до 21 година. Португалија ги совлада „црвено-жолтите“ со 4:2, во меч од последното трето коло во групата Б, но недоволно за прогрес во полуфинале како најдобра второпласирана селекција од причина што ѝ беше потребен триумф со четири гола разлика.
Барди во 40 минута и Кире Маркоски во 80. беа стрелци за Македонија, двоен за Португалците беше Брума во 22. и во првата од судиското екстра време, по еден постигнаа Едгар Ле во 2. и Поденсе во 57. Директен црвен картон во финишот на средбата доби Ота.

Шпанија ја порази Србија со 1:0 за потврда на својата класа во Б конкуренцијата и со максимален ефект се пласира меѓу најдобрите четири на турнирот.
Македонија ги заврши настапите во Полска со два пораза и реми. Покрај вечерашниот од Португалија, загуби и на стартот од Шпанија со 0:5, а во второто коло освои бод во дуелот со Србија (2:2).
Македонија – Португалија 2:4 (1:2)
Стадион: „Мунисипал“ во Гдиња. Гледачи: 8.000. Гл. судија: Иван Кружлик. Асистенти: Томаж Соломани и Бранислав Ханчко (сите тројца од Словачка). Ж. картони: Шишковски, Барди, Д. Бабунски, Муслиу (Македонија); Фигередо, Пациенција (Португалија). Ц. картон: Ота (Португалија). Стрелци: Барди 40′, Маркоски 80′ за Македонија; Едгар Ле 2′, Поденсе 57′, Брума 22′, 90’+1′ за Португалија.
Македонија (формација 4-3-3): Шишковски – Мурати, Бејтулаи, Зајков, Попзлатанов – Николов, Д. Бабунски (Маркоски 74′), Барди – Ангелов (Елмас 57′), Ѓорѓев, Радески (Муслиу 28′). Селектор: Благоја Милевски.
Португалија (формација: 4-2-3-1): Варела – Ребочо (Родригез 18′), Фигередо, Едгар Ле, Кансело – Санчез (Орта 55′), Невес – Брума, Поденсе (Ота 69′), Медеирош – Пациенсија. Селектор: Руи Хорхе.
ЕП 2017 (У21)
Група Б, 3 коло
Македонија – Португалија 2:4
Србија – Шпанија 0:1
Табела: Шпанија 9, Португалија 6, Србија 1, Македонија 1.