Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР: Евакуација на осумчлено македонско семејство од Судан

0
By Gabi Tocko on May 1, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Знамињата на ОБСЕ на зградата на МНР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 1, 2023 17:29

Министерството за надворешни работи соопшти дека по добиената информација за осумчлено семејство, македонски државјани, кое се наоѓа во загрозените подрачја на Судан, преку нашата Амбасада во Каиро веднаш стапило во контакт и добило потврда дека сите осуммина се во добра здравствена состојба.

Министерството преку дипломатската мрежа во регионот е во постојана комуникација со колегите од пријателските земји, чии амбасади се сѐ уште активни на територијата на Судан. Информираме дека во тек се активности за да се обезбеди нивна скора евакуација, и трансфер на безбедна локација од каде подоцна би се обезбедил трансфер кон земјава, се наведува во соопштението од МНР.

Воедно, од МНР информираат дека четирите наши државјани кои претходно го напуштија Судан кон Саудиска Арабија се на безбедна локација, во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат вратени во земјава.

Од Министерството притоа повторно апелираат доколку има наши државјани кои се наоѓаат на територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро (на телефон +201033615542 и е-мејл cairo@mfa.gov.mk, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби (на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса abudabi@mfa.gov.mk, како и МНР на СОС телефонот + 389 75 273 732 и емејл globalsos@mfa.gov.mk.

евакуација македонско семејство МНР Судан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.