– Нашиот амбасадор во Хрватска Миљаим Фетаи присуствуваше вчера на погребот на регионалната музичка ѕвезда со македонско потекло Аки Рахимовски во Загреб а националното знаме со кое беа покриени посмртните останки е обезбедено од македонската амбасада во оваа земја.

Ова стои во соопштението на Министерството за надворешни работи, информација иницирана од написите дека на погребот на мега ѕвездата не присуствувал ниту еден претставник од Република Северна Македонија. 

НоваТВ не е меѓу тие медиуми кои објавиле напис со таква содржина но, во интерес на вистината и објективноста и истата да стигне до што поголем број луѓе, отстапуваме простор и за оваа информација.