Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската комисија, Федерика Могерини, денеска во 14.55 часот во ќе се сретне со лидерите на политичките партии.
Високата европска претставничка во Скопје ќе престојува неколку часа, a предвидено е да се сретне и со претседателот Ѓорѓе Иванов. Средбите ќе се одржат во Кристалната сала во Собраниската зграда, но Могерини нема да има прилика да се обрати пред пратениците како што побара претходно, бидејќи македонскиот парламент практично не функционира по првата конститутивна седница.
Таа турнејата ја започна во Црна Гора, а ќе ги посети уште Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Албанија.
Европската Унија е загрижена за состојбите на Западниот Балкан и на 6 март ќе му посвети посебен самит на кој ќе се расправа по извештајот што ќе го поднесе Могерини.