Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Могерини: Македонија за напредокот да биде наградена со датум

1
By Нова ТВ on June 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 25, 2018 09:55

Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, ден пред клучниот состанок на ЕУ министрите каде треба да се разгледува препораката за старт на преговори со Македонија, повторно ги повика земјите членки да го наградат напредокот на Македонија.

– Знаете дека препорачавме отоврање преговори со Скопје и Тирана, овој процес мора да се заснова на заслуги, што значи дека кога има напредок тој мора да биде признаен и да биде охрабрен и придружуван. Се надевам дека земјите членки ќе ја донесат вистинската одлука.

Како што јави МИА, таа порача дека на Западниот Балкан „напредокот е импресивен“, наведувајќи го потпишувањето на Договорот за името со Грција, како и напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Министрите за надворешни работи на ЕУ утре на Советот за општи работи треба да дебатираат за проширувањето и за априлските извештаи на Европската Комисија за Западниот Балкан. Конечната одлука за преговори со Македонија би можела сепак да биде одложена за лидерите на ЕУ во четврток доколку утре министрите не постигнат согласност.

Како што најави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас Грција денеска ги испраќа писмата до ЕУ и НАТО, со кои потврдува дека не се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија, како дел од нејзините обврски од Договорот за решавање на спорот за името.

Советот на ЕУ за општи работи на денеска и утре ќе разгледува почеток на пристапни преговори на Албанија и на Македонија, а во четврток и петок е состанокот на шефови на држави и влади на членките на Унијата.

датум Договор ЕУ Могерини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.