Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмата на Атина патуваат кон Брисел

1
By Нова ТВ on June 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 24, 2018 21:39

Писмата на Грција до ЕУ и НАТО, со кои потврдува дека не се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија, патуваат кон Брисел, како дел од нејзините обврски од Договорот за решавање на спорот за името.

Шефот  на грчката дипломатија Никос Коѕијас, смета дека за да има напредок „потребен е позитивен договор на Советот за општи работи, а таму постојат тешкотии“, бидејќи, како што рече, има земји што се спротивставуваат во овој момент да се даде датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ.

– Нема да биде добро да се случи такво нешто, коментираше шефот на грчката дипломатија.

Недобивањето датум за пристапни преговори со ЕУ, би предизвикало разочарување, но и последици врз имплементацијата на Договорот и врз исходот од референдумот, смета и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

Во интервју за грчкиот весник „Realnews“, Османи вели дека доколку на претстојниот Самит на ЕУ не се донесе одлука за почеток на пристапни преговори ќе се разочараат сите што учествуваа во процесот и од двете страни, но, „уште поважно е разочарувањето што ќе се создаде кај политичките сили кои позитивно го третираа договорот и во двете земји“.

– Сигурно ќе биде огромно уназадување во врска со дополнителното имплементирање на договорот, ставајќи го во опасност исходот од референдумот и дополнително ќе ја ризикува поддршката за предвидените уставни промени итн. Нашата земја е важен партнер за ЕУ во областите како што се безбедноста, управувањето со мигрантската криза и справување со терористичките закани, а задоцнувањето на европската перспектива може да предизвика едно огромно назадување и во овие области, вели Османи.

Холандија попушти, САД ја притиска Франција

Во меѓувреме, и Холандскиот Парламент одлучи да даде зелено светло Македонија да почне преговори со Европската унија.  Вчера американскиот државен секретар Мајк Помпео телефонски разговарал со францускиот министер за надворешни работи Ле Дријан, соопшти Стејт Департментот.

Во соопштението на Стејт Департментот пишува дека шефот на американската дипломатија Помпео побарал од  неговиот француски колега Ле Дријан, Франција да даде поддршка за НАТО да упати покана за членство на Македонија и исто така да даде поддршка за отворање на пристапните преговори со Европската Унија, откако се потпиша договорот за името помеѓу Грција и Македонија.

Советот на ЕУ за општи работи на 25 и 26 јуни ќе разгледува почеток на пристапни преговори на Албанија и на Македонија, а во четврток и петок е состанокот на шефови на држави и влади на членките на Унијата.

Премиерот Зоран Заев и владина делегација, неделава заминува во посета на  неколку европски држави. Како што соопшти владината прес служба, на 26 јуни тој е во официјална посета на Австрија, а на 27 јуни ќе биде во работна посета на Полска.

Во Виена ќе има средба со канцеларот Себастијан Курц и со претставници на австрискиот Парламент и ќе се обрати на дебата на тема „Заедничка европска иднина за Југоисточна Европа – Примерот на Македонија“.

Во Варшава, премиерот Заев ќе има средба со полскиот премиер, Матеус Моравјецски.

Во интервју за српскиот весник Политика, Заев вели дека Преспанскиот договор им отворил пат на граѓаните на Македонија, за два дена да добијат датум за пристапни преговори со ЕУ и и овозможил на земјата на 12 јули да стане 30 лленка на НАТО.

Шекеринска им пиша на колегите од НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска испрати писмо до министрите за одбрана на 29-те земји членки на НАТО, во кое од нив бара поддршка за Македонија на Самитот на Алијансата во јули да добие покана за членство во НАТО.

-Ви пишувам по постигнувањето на историскиот договор околу спорот за името со Грција. Оваа пречка за нашата евроатлантска интеграција е отстранета. Ја барам вашата поддршка за Македонија да добие покана за полноправно членство во НАТО на претстојниот Самит. Беше потребна храброст, лидерство и дипломатија за да се постигне оваа цел – од двете страни. Нашиот народ е обединет и недвосмислен во желбата да станеме дел од НАТО и ЕУ, со доследна поддршка од повеќе од 75 отсто од нашите граѓани, се вели во писмото.

Шекеринска им пишува дека со приемот на Македонија во НАТО ќе се консолидира демократијата во регионот, ќе се зајакне стабилноста и безбедноста во регионот и ќе биде поставен позитивен пример за Западниот Балкан.

 

Брисел Договор со Грција Заев Османи Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.