Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Молиќај: Решението на спорот меѓу Косово и Србија е во редефинирање на границите

0
By Sashko on January 20, 2022 РЕГИОН
Фото: in7.tv
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на опозициската Социјалдемократска партија на Косово (ПСД), Дардан Молиќај вели дека ново исцртување на границите меѓу Косово и Србија е решение што ќе доведе до конечна спогодба за решавање на споровите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претставувајќи „Манифестот на ПСД“ синоќа на телевизијата „Клан Косова“, Молиќај кажа дека конечниот косовско-српски договор што му е „потребен на целиот регион“, треба да „подразбира самоопределување на Косово и обединување со Албанија“.

На Косово му треба договор и тој му е потребен на целиот регион. На повидок се три можности: да се продолжи статус-кво ситуацијата што би претставувало регрес; второ, постигнување договор што ќе ја подразбира Заедницата на српски општини во Косово, што е нефункционално и подразбира продолжување на конфликтот; и трето е редефинирањето на границите и тоа подразбира дефинитивно раздвојување и меѓусебно признавање меѓу двете држави. Тоа подразбира самоопределување на Косово и обединување со Албанија, изјави Молиќај.

ПСД, партија која се формира во мај 2018 година од незадоволни пратеници и членови на раководството на сега владејачкото Движење Самоопределување на премиерот Албин Курти, верува дека „новото исцртување на границите (меѓу Косово и Србија) претствува решение за траен мир“.

Тоа е можност за конечен договор, во чиј центар ќе биде еднаквоста и волјата на народот, изјави Молиќај.

Тој ја критикуваше владата на Курти за односот што го има во процесот на дијалогот со Србија, оценувајќи го нејзиниот дискурс кон Србија како „воинствен и осветнички“.

„Пристапот на новата влада е многу застарен. Нејзиниот дискурс е да се подготвиме за новиот напад, наместо да дискутираме за мир. Имаме воинствен и осветнички дискурс кон Србија. Таквиот пристап не носи ниту соработка, ниту добросостојба. Но, ние не ни очекувавме нешто од оваа влада“, изјави Молиќај.

Граници Дардан Молиќај Исцртување Косово регион решение спор Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.