Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Монструм“ се враќа во Судот, но од почеток

0
By Нова ТВ on February 12, 2018 ПОЛИТИКА
Фото ТВ 21
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 12, 2018 09:10

Во Кривичниот суд денеска почнува повтореното судење за случајот „Монструм“. 

Судењето стартува од почеток, кај судијата Огнен Ставрев, бидејќи Врховниот суд ја укина првостепената и второстепената пресуда и предметот го врати од почеток, и тоа по барање на Вишото јавно обвинителство.

Одбраната верува во позитивен епилог.

–Постои опција СЈО да го преземе случајот бидејќи тоа се уште го истражува случајот а и не е одлучено кој од обвинителите од организираниот криминал ќе го презентира, па мислам дека постои и оваа опција. Ако нема одложување од техничка природа, условно, мислам дека за четири седници ќе се затвори случајот во прв степен. Случајот наскоро ќе има епилог, вели адвокатот Насер Рауфи.

Роднините на осомничените се надеваат на нивно целосно ослободување од вина. Тие веруваат дека доказите кои ги поседуваат двете обвинителство ќе ја потврдат невиноста на шесте осомничени лица.

„Сметам дека треба што побрзо да се донесе пресуда за да се ослободат конечно. Тие се уште се затворени бидејќи им се поставени ограничувања. Не дека јас сакам по секоја цена да биде во полза на нашите семејства, но сакам судењето да биде во полза на правдата. Се надевам и апелирам до јавното и до специјалното обвинителство да ги соединат доказите и да излезат со став и сторителите на делото да ги изнесат пред закон“, вели роднината Бедри Хајдари.

Пред судот ќе се појават Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири на кои им беше определена мерки на претпазливост, но не и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ чии меѓународни потерници сè уште се активни, иако тие со години се на Косово. Тамошните власти го одбија барањето за екстрадиција, бидејќи тврдеа дека не биле доставени доволно докази кои укажуваат на нивна вмешаност во случајот.

Петкратното убиство беше извршено на 12 април 2012 година кај Смиљковското Езеро.

Пет години потоа: Дали „бомбите“ ја кријат вистината за Смилковско

Монструм почеток СЈО судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.