Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Моравјецки во интервју за „Ла Република“: Русија да избере дали е со или против Европа

0
By Sashko on December 11, 2021 СВЕТ
Фото: bankier.pl
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија мора да одлучи дали ќе биде со Европа или против неа, а засега таа го избира конфликтот, истакна полскиот премиер Матеуш Моравјецки во интервју за италијанскиот весник „Ла Република“.

Русија мора да избере дали сака да биде со Европа или против неа. Владимир Путин денеска го избира конфликтот. И ова ѝ штети не само на Европа, туку и на неговата земја, рече Моравјецки.

Тој истакна дека „Европа не сака конфликт со Русија. Но, Европа не може да толерира притисок и уцени врз основа на енергија.

Затоа мора да бидеме обединети пред провокациите на Путин. Времето за отстапки истече. Мора цврсто да реагираме со воведување санкции, рече полскиот премиер во интервјуто за италијанскиот весник.

Зборувајќи за видео врската меѓу Путин и американскиот претседател Џо Бајден, полскиот премиер кажа дека „би му бил благодарен на претседателот Бајден доколку овој разговор ја намали активноста на Русија на границата со Украина и Европа.

Но, искуството покажува дека на Путин не може да му се верува и дека политиката на отстапки не функционира, додаде Моравјецки.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Русија гледа информативна кампања од западните земји за да се прикаже Москва како закана за процесот на решавање на конфликтот во Украина. Тој не исклучи дека ваквата кампања е камуфлажа за прикривање на „агресивните мисли, што можеби имаат место во Киев“.

Европа интервју Матеуш Моравјецки Полска премиер Русија Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.