Министерство за здравство информира дека денеска до 19 часот се вакцинирани вкупно 488 деца со МРП вакцина. Од таму апелираат до родителите за вакцинација на децата со МРП вакцина за која велат дека е висококвалитетна и ефективна, а производител е „GlaxoSmithKline“ од Белгија.
Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ ќе работат и утре (04.01.2019 година) до 19 часот, се наведува во соопштението од Министерството.
Оттаму потсетуваат дека сè уште е на сила наредбата дека децата кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки со цел да се спречи ширењето на епидемијата на морбили (мали сипаници) прогласена во Скопје.