Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ со иницијатива за брзи измени во 4 закони за веродостојни избори

0
By Влатко Чаловски on April 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 1, 2016 14:24

Со цел да се добие кредибилност во Избирачкиот список а аналогно на тоа и фер и кредибилни избори, по сите бројки со кои се лицитираше во јавноста за нерегуларни гласачи, Граѓанската асоцијација МОСТ денеска презентираше мини-анализа за која велат, неопходно е да биде сериозно сфатена од парламентарците, политичките партии и Државната изборна комисија (ДИК).

Директорот на МОСТ, Дарко Алексов ги поздрави напорите на ДИК кој работи во нов формат по Договорот од Пржино, и рече дека хаосот во списокот секако не е по нивна вина.

Она што е најпроблематично според МОСТ, е постапката за отстранување на гласачите кои ДИК евентуално би ги евидентирал како спорни, бидејќи роковите во кои личноста би се нашла во лавиринт од институции додека се отстрани од Избирачкиот список, го надминуваат датумот на кој се закажани изборите – 5.јуни.

Процедурата, како МВР постапува за евидентирање на спорно лице

Врз база на резултатите од теренските проверки, ДИК на МВР треба да му достави список на гласачи за кои постои сомнеж дека не треба да бидат запишани во Избирачкиот список. По ова, МВР ќе треба да започне постапки за поништување на решенијата за издавање на лична карта и живеалиште за оние лица за кои МВР ќе утврди дека незаконски се стекнале со живеалиште и лична карта.

Имено, доколку МВР утврди дека постојат незаконитости во постапката за пријавување на живеалиште носи решение за поништување на живеалиштето. Врз основа на ваквото решение, МВР покренува постапка и донесува решение за поништување на личната карта. По донесувањето, решението треба во рок од 7 дена да го достави до странката, на адресата наведена на личната карта. Доколку МВР не успее да изврши лична достава, се прави достава по пошта и се остава рок од 7 дена за граѓанинот да одговори. Доколку живеалиштето на граѓанинот е непознато, МВР го огласува решението во два последователни броја од еден дневен весник, а потоа и во Службен весник на РМ, по што се смета дека граѓанинот е уредно известен.

Доколку граѓанинот не биде пронајден после сите овие обиди, МВР е должно да му додели законски застапник на кого му го доставува решението за поништување по што почнува да тече рокот за жалба од 15 дена. Ако во овој рок не е поднесена жалба, МВР го прогласува решението за конечно и извршно.

Доколку граѓанинот е пронајден, тој има рок од 15 дена од денот на прием на решението да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, која има рок од 60 дена да одлучи по жалбата.

Граѓанинот има право во рок од 30 дена да поднесе тужба против одлуката на комисијата пред Управниот суд. Законот не предвидува рок во кој Управниот суд донесува пресуда по тужбата. По донесувањето на пресудата, граѓанинот има право на жалба до Вишиот управен суд, но и тука законот не предвидува рокови ниту за поднесување, ниту за одлучување по жалбата.

Токму поради ова, Дарко Алексов од МОСТ рече дека тие работеле на измени на 4 многу важни закони со цел скратување на долгите постапки: Законот за живеалиште и престојувалиште, Законот за лична карта, Законот за општа управна постапка и Законот за управни спорови.

Од МОСТ велат на овие измени работеле во консултации со министерствата за правда и внатрешни работи, истите се доставени до Собранието, а парламентарците треба веднаш сериозно да ги земат на разгледување, чекор по чекор забелешките од анализата на ДИК, бидејќи времето е кратко до распуштање на Собранието до кога, како што вели Алексов, треба да бидат поддржани нивните детално изработени измени за изборите на 5.јуни да бидат кредибилни.

Алексов гласачи Дик Избирачки список избори МОСТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.