Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мрежа за заштита од дискриминација: Справувањето со насилството нема свое место во политиките на МОН

0
By Marija Todorovska on September 12, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 12, 2025 12:16

Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост испратија остра реакција за справувањето со насилството и политиките на МОН која ја пренесуваме во целост.

Во период кога физичкото насилство во училиштата ги полни медиумите во Македонија и регионот и јавноста се згрозува од деталите на настаните, Министерството за образование и наука наместо да преземе одговорност и преземе соодветни мерки, воспоставува политики коишто го уназадуваат справувањето со насилството и создава средина во која предрасудите и насилството ќе бидат толерирани и несанкционирани.

На 7.7.2025, Министерството за образование и наука усвоило нов Правилник за начинот на пријавување и заштита на ученик-жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување. Овој Правилник претставува директно уназадување на напорите вложени во 2019 и 2020 година, кога со поддршка на експертската и граѓанската заедница беше изработено упатство усогласено со европските стандарди и меѓународните обврски на државата.

 Новиот Правилник ќе биде погубен за напорите за справување со насилството, нема да даде резултати и нема да превенира нови случаи на насилство.  Наместо да овозможи вистинска заштита, тој ги лишува училиштата од можноста да ги препознаат мотивите зад насилството и да преземат ефикасни мерки за превенција, оставајќи го целиот систем слеп пред најчестите форми на дискриминација и насилство.

Прво, Министерството за образование и наука го усвоило Правилникот без консултација со здруженијата што работат на темата насилство во училиштата и помеѓу врсници. Таквото нетранспарентно усвојување на акти продуцира решенија коишто ја занемаруваат експертизата на здруженијата коишто работат на терен. Дополнително, таквото нетранспарентно усвојување е спротивно на Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор на креирање политики, како и со препораките на Комитетот на министри на Советот на Европа. Иако мрежите реагираа уште од моментот на најава за измените на Законот за основно образование, Министерството упорно ги игнорира овие укажувања и продолжува да носи одлуки зад затворени врати.

Второ, Правилникот е сосема спротивен на стандардите за човековите права и слободи. Поставен на овој начин, Правилникот е во директна колизија со Уставот и законите спречување и заштита од дискриминација и за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, како и Истанбулската конвенција, и Конвенцијата за правата на детето. Правилникот, во формата во каква што е, не ги исполнува тие стандард бидејќи во формуларот за пријавување на насилство се исклучени клучни елементи. Во формуларот се тргнати прашањата дали насилството е родово-базирано насилство или пак насилство врз лична карактеристика (сексуална ориентација, род, родов идентитет итн) и, дали насилството е мотивирано од омраза и/или предрасуди. Во својата борба да ги избрише и невидливи ЛГБТИ децата од образовниот систем, Министерството со новиот Правилник всушност го исклучува и препознавањето на сите маргинализирани категории. Со ова, невидливи стануваат и децата од сиромашни и економски помалку моќни семејства, децата кои живеат во еднородителски или неконвенционални семејства, како и децата кои веќе биле жртви на насилство. Наместо систем за заштита кој ја препознава ранливоста и делува превентивно, добиваме систем кој свесно избира да не ги гледа оние деца што најмногу му се потребни. Дополнително, не може ни да се очекува дека родовите стереотипи, како на пример дека девојче не може да биде возач на камион, или пак дека момче не смее да плаче, ќе бидат сузбиени, бидејќи доколку тие стереотипи биле причини да се стори насилство, истите нема да бидат регистрирани при пријава на насилство. Таквото адресирање или „справување“ со насилствата во училиштата, коишто се сè почести и посериозни, е површно и нема да вроди со никакви резултати.

Истовремено, особено сме огорчени и загрижени што ваквиот нов Правилник, коишто не ги вклучува личните карактеристики на децата, доаѓа по бројни студии коишто потврдуваат дека дискриминација и насилство има на сите нивоа во образовниот систем, вклучувајќи го и основното образование. ЛГБТИК+ учениците во Северна Македонија често се изложени на дискриминација, на вербално и физичко насилство во образовните институции. Насилството е честопати систематско, а училиштата ретко нудат соодветен одговор или поддршка, што придонесува кон дополнителна маргинализација и психолошки последици кај овие ученици.

Ваквиот Правилник ги исклучува личните заштитени карактеристики на децата, токму во момент кога статистиката и искуствата покажуваат дека младите лица се најчесто вклучени во пристрасно мотивирани инциденти – и како сторители и како жртви.[2] Иако бројките укажуваат на сериозен проблем, надлежните институции и понатаму не водат соодветна официјална статистика за пристрасно мотивираните инциденти, што е нотирано години наназад од Европската комисија.[3]

Истовремено, не заостануваат ниту случаи на сексуално насилство врз девојчиња, случаи од кои јавноста беше згрозена и дадоа внимание на тоа како образовните установи се справуваат со насилството врз девојчињата. Особено е загрижувачки што овој Правилник доаѓа по напливот на анти-родови и анти-демократски движења во државата, што беше препознаено и во Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2024.[4]

Имајќи го предвид горенаведеното, бараме од Министерството за образование и наука да го ревидира Правилникот, со што родово-базираното насилство, насилството од омраза, родовите стереотипи и дискриминацијата врз маргинализираните заедници ќе бидат препознаени. Исклучиво на тој начин можеме да кажеме дека Министерството е сериозно во своите јавно-искажани намери за сузбивање на насилството и стереотипите во училиштата.

МОН мрежа за заштита од дискриминација насилство Платформа за родова еднаквост правилник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.