Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мурати: Уставниот суд утре ќе расправа по одлуката за распуштање на Собранието

0
By Нова ТВ on May 5, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати во интервју за МИА за утре најави седница, а по неа и работен состанок на кој ќе се расправа по предлогот на судијата Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието.

Тој вели дека по однос на Одлуката за распуштање на Собранието („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 43/2020), во моментот нема оформен предмет за оценување на нејзината уставност и законитост, но натамошното постапување на Судот по ова прашање ќе зависи од ставот што ќе го заземат уставните судии на утрешниот работен состанок.

Судот, претходно во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и на 15 април оваа година, со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оваа одлука. Но, минатиот четврток (30 април), судијата Осман Кадриу доставил предлог за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на истата одлука за што е закажан и утрешниот работен состанок на судиите.

Ако судиите одлучат да се поведе постапка по службена должност, ќе биде оформен посебен предмет кој ќе биде доделен на судија-известител и на државен советник кои по завршување на претходната постапка, ќе треба да достават работен материјал за седница (реферат) со содржан предлог за одлучување што ќе биде разгледан на седница на Судот.

Секако, истакнува претседателот на Уставниот суд, тоа е хипотетички и не значи однапред прејудицирање на таква одлука која треба да биде донесена по претходна расправа за ова прашање. Пред уставните судии утре треба да се најде и одлуката на шефот на државата Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба. Мурати во интервјуто се осврнува и на оспорената владина уредба за намалување на платите на функционерите што предизвика реакции во јавноста.

Дали на оваа седница на Уставниот суд ќе се најдат и двете одлуки на шефот на државата Стево Пендаровски за вонредна состојба на целата територија?

„Дневниот ред за седницата која треба да се одржи оваа среда (6 мај) е објавен јавно, при што во точката 1 од делот кој се однесува на оценување на уставност и законитост е предвидено разгледување на точката 4 од Одлуката за утврдување на постоење на вонредната состојба број 08-526/2 од 18 март 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.68/2020), донесена од Претседателот на Република Северна Македонија. По однос на втората одлука на претседателот на Републиката за утврдување на постоење на вонредна состојба, можам да Ве информирам дека има оформен посебен предмет и штом се изготви реферат ќе биде предложен за разгледување на седница на Судот“.

Во Уставниот суд се работи и на иницијативите поврзани со уредбите на Владата. Кога може да се очекуваат одлуки по овие иницијативи ?

„Досега имаме примено иницијативи за уставноста и законитоста на речиси сите досега донесени уредби со законска сила од страна на Владата. Се работи за огромен прилив на нови предмети за краток период и најголемиот дел се веќе дадени во работа, при што повторно нагласувам, веднаш штом бидат изготгвувани рефератите по овие предмети ќе бидат на дневен ред за одлучување“.

Ваш коментар во врска со Уредбата за намалување на платите на функционерите. Некои уставни судии најавија дека ќе се откажат од дел од својата плата и парите ќе ги донираат за борба со коронавирусот, но оти Уредбата ја поништиле бидејќи не е уставна.

„Мојот став по однос на оваа Уредба го изнесов на седницата на Судот кога истата беше разгледувана и беше одлучено да се поведе постапка за оценување нејзината уставност и законитост. Оваа постапка е во тек и сè уште нема донесено конечна одлука како што се наведува во Вашето прашање. Притоа, мора да констатирам дека во јавноста беа пренесени невистинити наводи за моето излагање по однос на оваа точка од дневниот ред. Исто така, сакам да посочам дека со оваа одлука, Судот не е против солидарноста во борбата против коронавирусот, туку едногласен став на Судот е дека Уредбите со законска сила како што е оваа, мора да бидат во согласност со Уставот и со законите.

Никој од судиите не оспори или е против легитимната цел – обезбедување средства за борбата со пандемијата, туку е спорен начинот на кој тоа е сторено – преку норми за чија неуставност и незаконитост постои основано сомнение. Заштитата на уставноста и законитоста е уставна задача на Судот и тој мора да реагира и да ги обезбеди и во услови на вонредна состојба.

Што се однесува до донирањето средства пред некој ден на прашање на новинар од еден медиум одговорив дека јас лично ќе донирам 20 проценти од мојата нето плата за месец април и дадов предлог до другите мои колеги, но сепак тоа е лична одлука“.

вонредна состојба одлука плати Сали Мурати Собрание Уредби Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.