Фенербахче го совлада Манчестер јунајтед со 2:1 во дербито на четвртото коло во Лига Европа и му создаде нови главоболки на Жозе Мурињо. Покрај поразот на „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул и падот на третото место на табелата, Португалецот веројатно на подолго време ќе остане без Пол Погба кој се повреди по половина час игра и мораше да го напушти теренот.

Турците поведоа во втората минута со погодокот со ножички на Муса Соу кој од 13-14 метри го лобуваше Де Хеа. Јунајтед имаше посед на топката, но неговите фудбалери беа бавни и безидејни да создадат сериозна закана пред противничкиот гол. Ленс зголеми на 2:0 во 58 минута, а Руни во финишот, во 89 минута успеа самода го ублажи поразот.

Зенит е првата екипа што се пласира во осминафинале вечерва. Рускиот клуб од Санкт Петербург го совлада Дандалк со 2:1 за четврта победа во групата Д. Најефикасниот меч се одигра на „Сан Мамеш“ во Билбао каде Атлетик го победи Генк со 5:3. Еден гол помалку имаше на средба во Белгија во која Андерлехт го декласира Мајнц со 6:1, а шест беа видени во Виена во мечот меѓу Австрија и Рома (2:4)

Лига Европа

Резултати, 4. коло

Група А

Фенербахче – Манчестер Ј. 2:1

Зорја Луганск – Феенорд 1:1

Табела:,н Феенорд 7, Фенербахче 7, Манчестер Ј. 6, Зорја 2.

Група Б

АПОЕЛ – Јанг Бојс 1:0

Астана – Олимпијакос 1:1

Табела: АПОЕЛ 9, Олимпијакос 7, Јанг Бојс 4, Астана 2.

Група Ц

Андерлехт – Мајнц 6:1

Кабала – Сент Етјен 1:2

Табела: Андерлехт 8, Сент Етјен 8, Мајнц 5, Кабала 0.

Група Д

Зенит – Дандалк 2:1

Макаби Тел Авив – АЗ Алкмар 0:0

Табела: Зенит 12, Дандалк 4, Макаби Тел Авив 4, АЗ Алкмар 2.

Група Е

Австрија Виена – Рома 2:4

Астра – Плзен 1:1

Табела:

Рома 8, Австрија Виена 5, Астра 4, Плзен 3.

Група Ф

Атлетик Билбао – Генк 5:3

Сасуоло – Рапид Виена 2:2

Табела: Генк 6, Атлетик Билбао 6, Сасуоло 5, Рапид Виена 5.