Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Неточни и паушални се тврдењата на ИВЗ за полициски притисок

0
By Нова ТВ on May 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 22, 2020 15:49

Министерството за внатрешни работи (МВР) категорично ги отфрла, како паушални и неточни, изнесените тврдења во денешната реакција на Исламската верска заедница (ИВЗ) околу наводен полициски притисок врз нејзини претставници во пресрет на чествувањето на претстојниот верски празник Фитр Бајрам, соопштија од МВР.

Од МВР истакнуваат дека полицијата ниту има надлежност, ниту пак се обидувало да наметне влјание врз верски старешини во верски установи, туку своето работење го темели исклучиво врз пропишаните законски норми и Уставот. Дополнително, во соопштението на полицијата се вели дека јавноста веќе знае дека во рамки на низата законски надлежности и активности на Министерството влегува и превентивното делување во различни области од значење за сите граѓани на државно и на локално ниво.

„Во актуелниот момент на вонредна состојба на ниво на целата земја предизвикана од пандемијата со коронавирусот, Министерството за внатрешни работи покрај постапување во делот на почитување на донесените владини мерки, Уредби и препораки за заштита на здравјето и животот на сите граѓанина нашата држава, особено внимание посветува и на превентивното делување“, инфомираат од МВР.

Свесни за потребата од заедничко делување заради надминување на опасностите од пандемијата и зачувување на здравјето на граѓаните, со посебно внимание работиме на интензивирање на соработката со верските заедници со цел засилено превентивно делување, особено во пресрет на претстојните државни и верски празници. И во оваа ситуација станува збор за редовна полициска активност со цел доследно спроведување на мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, велат од МВР.

Се потенцира дека полициските службеници секојдневно работат и во делот на превенција информирање и едукација, а во насока на заедничко надминување на опасностите од пандемијата и зачувување на здравјето на граѓаните.

„Таквото полициско делување, пред сè заедниците на локално ниво, било и ќе биде наша редовна и секојдневна обврска, а во рамки на концептот на полицијата како сервис на граѓаните, граден децении наназад со нашите партнери од ОБСЕ и ЕУ“, велат од МВР.

МВР уште еднаш потенцира дека ќе остане доследно во исполнувањето на сите свои законски обврски и задачи чија што единствена цел, преку бескомпромисно спроведување на законите, е заштитата, личната сигурност и безбедност на сите наши граѓани, токму онака како што меѓу другото, налага и Уставот на нашата земја.

На соопштението на МВР се надоврза и министерот Наќе Чулев кој денеска беше во посета на ГП „Богородица“ и Струмица. На жалбите од верници на ИВЗ дека полициски службеници ги замолувале да немаат молитви за празникот Рамазан Бајрам, техничкиот министер за внатрешни работи со став дека Координативното тело при МВР донело одлука припадниците на МВР превентивно да делуваат во насока на спречување на било какви поголеми собири или кршење на мерките.

Министерот Чулев ја пофали денешната превентивна акција на струмичката полиција за делење маски и ракавици и додаде дека такви акции МВР секојдневно реализира.

„Постапувањето на МВР беше во насока да им се укаже на припадниците на верската заедница, односно на свештениците, да постапуваат согласно одлуките и мерките на Владата, а не да не се одржуваат верски молитви, туку сите тие молитви да бидат правени согласно мерките и одлуките на Владата. Значи, Министерството за внатрешни работи во никој случај не би сакало да врши притисок врз верските заедници во нормално извршување на нивните верски обреди“, рече Чулев за време на денешната посета на Струмица.

ИВЗ МВР Наќе Чулев притисок Рамазан Бајрам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.