Вчера на територија на Град Скопје беа санкционирани 44 возачи кои возеле побрзо од дозволеното и 20 возачи кои немале возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 161 мерка. Меѓу нив има и 10 мерки за вградени неатестирани фолии, осум за нерегистрирани возила и четири за користење на мобилен телефон.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.