Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Следењето на комуникациите е легално и со наредба од суд

3
By Нова ТВ on October 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 22, 2017 12:28

Во Министерството за внатрешни работи  следењето на комуникациите се одвива исклучиво согласно процедурата пропишана во постојните законски и подзаконски акти, велат од МВР за НОВА ТВ по вчерашното обвинување на лидерот на опозицијата, Никола Груевски кој што обвини дека се прислушувани стотина членови на раководните органи на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што го прави МВР е легално и со наредба од суд преку Јавното обвинителство, а токму обвинителството е тоа што ги води истрагите. Нелегалното масовно прислушување, главната одлика на владеењето на Никола Груевски е предмет на истрага на СЈО. УБК и БЈБ постапуваат согласно своите надлежности и нивните активности во форма на оперативни акции и обработки во борбата против организираниот криминал, тероризмот, насилниот екстремизам и другите облици на противзаконско однесување се од доверлива природа и не се коментираат јавно. Работата на овие служби е насочена кон штитење на интересите и безбедноста на граѓаните и не се под контрола на ниту една политичка партија“, одговорија од МВР.

Додаваат и дека со промените во МВР и УБК една од основните цели била да се елиминираат идеолошките компоненти и од таа причина не станува збор за македонски екстремизам и тероризам. Од министерството велат дека УБК во своето работење е фокусирано на лев и десен екстремизам и радикализам, а тероризмот е посебен глобален феномен за кој и не треба посебно објаснување.

Од МВР потсетуваат дека во Собранието постојат две надзорни комисии чија функција е да вршат надзор над работата на УБК и АР и над примената на ПИ мерките.

„Тие комисии се добредојдени во секој момент да извршат надзор и контрола над примената на овие мерки“, велат од министерството.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Никола Груевски вчера во специјалното издание на магазинот „Седмица“ на ТВ Алфа обвини дека членови на ВМРО-ДПМНЕ се прислушувани во последниот период.

„Во службата е отворено досие „Македонски екстремизам и тероризам“  службите имаат цел да прислушуваат 100 лица од ВМРО-ДПМНЕ. Ние немаме кому да се пожалиме за ова, затоа што според информациите што ги имаме засега, прислушувањето се врши во МВР, од луѓето кои работат таму. Ако сакаат да го демантираат тоа ќе треба да дозволат да се направи увид“, обвини Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски прислушување Следење на комуникациите Собраниски комисии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.