Не е точна информацијата која излезе во дел од медиумите дека нема епидемиолог во дебарската болница. Во болницата во Дебар има епидемиолог и двајца инфектолози од Скопје, кои се исптарени како поддршка на локалните здравствени работници, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму посочуваат дека во моментот нема дефицит на персонал во болницата.

„Министерството за здравство е во постојана комуникација со болницата во Дебар и доколку се појави недостаток на лекари или персонал – итно ќе биде испратен од околните болници или од клиниките во Скопје“, се наведува во соопштението.

Од Министерството за здравство апелираат да не се шират дезинформации и јавноста да се информира исклучиво од релевантните институции и посочуваат дека Министерството е на располагање за одговор на секое прашање во кое било време.