Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На истата локација каде е пронајдено денеска телото во Белград, пред 8 години починале тројца млади

0
By Biljana on May 18, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 18, 2022 14:09

Маичката пронајдена на телото на помлад маж кој утринава се појави кај Ада Хуја е идентична со маицата што ја носеше Матеј Периш, ексклузивно дознава „Блиц“. Станува збор за темна маичка со апликација на јагуар и натпис со жолти букви. Телото на младиот маж е пронајдено на осум километри од местото каде последен пат бил виден Периш.

На неговото тело бил пронајден сребрен часовник на раката, додека во џебот од фармерките бил пронајден мобилен телефон, објави „Блиц“.

Матеј Периш бил облечен со истата маичка на фотографијата која кружеше по сите медиуми кога беше пријавено неговото исчезнување во Белград.

Новости објави и Фотографија од телото за кое се сомневаат дека е Матеј Периш, на која се гледа дека една патика се уште е на него.

Овој детал дополнително потврдува дека извлеченото тело најверојатно бил Матеј Периш по кој се трагаше пет месеци. Резултатите од ДНК анализата ќе бидат објавени утре.

Пронајденото тело на млад маж во Дунав, за кое се претпоставува дека е исчезнатиот Матеј Периш, е токму на истата локација на која пред осум години се случила сообраќајна несреќа во која загинале тројца млади луѓе, пишува „Телеграф“.

Тогаш животот го загубиле 20-годишниот Милош Јанковиќ, 18-годишниот Немања Антиќ и 16-годишната Анастасија Стајиќ. Немања и Анастасија седеле на задното седиште, а Милош бил во багажникот, каде што самиот влегол непосредно пред несреќата, бидејќи немало место за него во автомобилот.

На 21 ноември 2014 година, младите тргнале од забава во Првата белградска гимназија кон кафулињата на шеталиштетото Ада Хуја. Возачот на автомобилот, деветнасетгодишниот Душан Јовановиќ возел без дозвола и во алкохолизирана состојба. Тоа е причината поради која слетал право во Дунав од шеталиштето. Јовановиќ поминал без повреди, а совозачот Лука Вишњиќ имал скршеница на десната рака.

На истото место, утрово околу 9.30 часот е пронајдено тело на млад маж. Телото го пронашле морнари, а гардеробата со која е пронајдено телото одговара на онаа којашто ја носел сплиќанецот Матеј Периш во ноќта кога исчезна, меѓу 30 и 31 декември минатата година.

Пронајдено е телото на Матеј Периш, тврдат српски медиуми

анализа днк матеј периш потрага регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.