Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Лазаров ќе му се суди одвоено,Груевски не го коментира признанието

1
By Нова ТВ on November 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 20, 2017 15:32

Екс премиерот и лидер на на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски не сакаше да го коментира признавањето на вина од страна на неговиот сопартиец, Томислав Лазаров за насилствата во општина Центар во јуни 2013 година и рече дека тој можеби си има негови лични причини зошто го сторил тоа.

Груевски нагласи дека се изјаснил како невин и оти очекува што побргу да заврши судскиот процес и да се разјасни целата ситуација.

Судијката Татијана Михајлова на предлог на обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, ја раздвои постапката за Лазаров откако тој ја призна вината и сега судот треба да оформи нов предмет за него.

По половина час пауза треба да продолжи постапката за Лазаров, додека за другите обвинети, кои се изјаснија како невини Груевски, екс министерот Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова, Михајлова ги одреди датумите 29 ноември, 7 декември и 18 декември за продолженијата на судењето против нив.

Лазаров кој беше тогашен координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, ја призна вината и рече дека од оваа временска дистанца, длабоко се кае.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, кој е првообвинет во предметот „Насилство во Центар“ на денешната главна расправа во Кривичниот суд се изјасни како невин по обвиненијата што против него ги поднесе СЈО.

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, исто така, се изјасни за невин, објаснувајќи дека ниту нешто сторил, ниту за нешто се чувствува виновен.

Вина не чувствува ни пратеничката Даниела Рангелова која во време на настаните беше советничка во Општина Центар.

Вкупно во овој случај се обвинети 14 лица.

На почетокот на судењето седмообвинетиот Димче Крстев побара одложување на судењето затоа што не се чувствувал добро. Тој утрово беше стражарно приведен затоа што отсуствувал на минатото рочиште.

Судијката Михајлова го ослободи Крстев од денешното судење и на барање на обвинителката Фатиме Фетаи ја издвои постапката за него, со цел денеска да започне главната расправа, по што Крстев си замина од судницата.

На барањето за раздвојување на предметот се противеше одбраната на обвинетите и побара одлагање на судењето, но судијката не го прифати.

На денешната главна расправа присуствуваат и Андреј Жерновски и Саша Богдановиќ како оштетени лица во овој случај.

Поранешниот премиер Груевски е обвинет од СЈО за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Овој случај  се однесува на протестите во оваа општина против, како што велеа тогаш демонстрантите, рушење на црквата Свети Константин и Елена. Протестите резултираа со демолирање на општинската барака, упад на демонстранти во седница на советот и упатување закани кон советниците.

Според објавената прислушуван разговор што го објави Зоран Заев, протестите биле во организација на ВМРО-ДПМНЕ, а Груевски побарал еден од демонстрантите да му удри шамар на градоначалникот, Андреј Жерновски.

 

Даниела Рангелова Миле Јанакиески Насиства во Центар Никола Груевски судење Томислав Лазаров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.