Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На тапет: Верати и Матуиди на забава со Ријана во ноќта пред Барса

0
By Нова ТВ on March 11, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Француската јавност не може да се помири со болната елиминацијата на ПСЖ во Лигата на шампиони. „Светците“ понесоа 4:о од Париз во Барселона, но Каталонците во реваншот славеа да триумфираат со 6:1 и тие да бидат учесници во четврт-финалето во елитната конкуренција.

Тамошните медиуми со денови го анализираат натпреварот на „Кмап Ноу“ во обид да ги лоцираат и причините што доведоа до него. Најпрво се насочија на германскиот судија Денис Ајтекин чија арбитража и онака се најде под лупа на УЕФА. Забелешките кон него беа за двата досудени пенала за Барселона, пред се оној вториот за 5:1. Потоа на ред дојде тренерот Унаи Емери кој не успеа да ја сочува екипата на земја по убедивата победа на домашен терен, а сега има и нови лица на тапет.

Прст е вперен во двајцата играчи за врска, Блас Матуиди и Марко Верати. И францускиот и италијанскиот репрезентативец одиграа под ниво во Шпанија, но тоа не е повод за обвинувањата на нивна сметка. Угледниот спортски весник „Лекип“ објави информација во која тврди дека првотимците на ПСЖ си дозволиле опуштање на луда забава во ноќта меѓу понеделникот и вторникот и, според очевидци, останале до три часот наутро.

Организатор на приватнот настан бил познатиот производител на спортска опрема „Пума“ во еден, како што пишуваат медиумите, париски дистрикт. Меѓу ВИП гостите биле и Матуиди и Верати, а присутните ги забавувала музиката звезда Ријана. По напуштање на забавата едвај стигнале да се дотераат и да се појават на аеродромот „Бурж“ од каде експедицијата на ПСЖ во вторникот наутро отпатува во Барселона.

Сето ова што излегува во француските медиуми и, особено ова последното што го објави „Лекип“, е доволен показате колку „светците“ се опуштија по блескавата партија и убедлива победа пред своите гледачи. Ги потценија возвратните 90 минути, мислејќи дека работата е завршена, но веројатно заборавија дека во нив се прашува и Барселона, еден од најдобрите светски тимови и не смее туку-така да се отпише предвреме.

Информацијата на „Лекип“ сигурно ќе придонесе за дополнителен без меѓу фановите на ПСЖ кои им организираа непријатен дочек од Барселона по шокот што го преживеаја на „Камп Ноу“.

Барселона Блаз Матуиди Лекип Лига на шампиони Марко Верати ПСЖ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.