Омија Ардија ја делат три кола до директен пласман во елитното клупско фудбалско друштво во Јапонија. Моментно е втора на табелата со 72 бода, три помалку од лидерот Кашива, но и два повеќе од групата на екипи за плејоф што ја предводи Јокохама. И сето тоа ќе биде незначително за овдешната јавност ако дел од тимот не е Давид Бабунски.

Македонскиот интернационалец по четврти пати во оваа година беше стрелец за Омија, овојпат во убедлвиот триумф над Ависпа Фукуока со 3:0. Офанзивниот фудбалер од средниот ред кој е производ на славната академија „Ла Масиа“ на уште пославната Барселона и кој зад себе има девет настапи за „црвено-жолтиот“ национален тим, го запечати десет минутниот настап со прекрасен гол од волеј за потврда на трите бода.

Бабунски во игра влезе во 82. минута, а во првата од судиското надополнување се запиша во листата на стрелци. Претходно погоди и против Токушима во поразот со 2:3, но и во минималниот триумф со 1:0 и против Кагошима јунајтед.

До крај на сезоната, Омија ќе гостува кај екипите на Точиги и Каназава, а во меѓувреме ќе игра на домашен терен со Албирекс Ниигата.