Повеќе од 100 земји го поддржаа барањето на Австралија за спроведување на независна истрага за потеклото на ковид-19, изјави денеска австралиската министерка за внатрешни работи, Мариса Пејн. Таа истакна дека цел на истрагата е преку соработка на меѓународната заедница да се обезбеди подобра подготовка за борба против следната пандемија.
Австралискиот премиер, Скот Морисон наведе дека иницијативата на Австралија нема за цел да обвини која било земја.
„Тоа е искрено прашање со искрена намера и искрен мотив“, изјави Морисон.
Меѓу земјите што на почетокот ја поддржаа иницијативата на Австралија се сите држави на Европска Унија (ЕУ), Велика Британија, Индија, Индонезија, Јапонија, Канада и Нов Зеланд. На иницијативата се придружија и неколку земји од Африка, па вкупниот број се зголеми на 116 земји.