Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Надал по 11. трофеј во Монте Карло: Среќен сум, минав тежок период

0
By Нова ТВ on April 23, 2018 СПОРТ
Фото: wsau.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рафаел Надал има еден куп причини за задоволство. Се врати на победнички патеки по тешкиот период што го има зад себе и покажа дека е во добар ритам за тениската сезона на земја во која го очекуваат неколку значајни турнири меѓу кои и Ролан Гарос, вториот гренслем во сезоната. Шпанецот по 11. пат во кариерата го освои Мастерсот во Монте Карло по триумфот над Кеи Нишикори, исто така рековалесцент на АТП турот, со 6:3, 6:2 за потврда дека му „лежат“ настапите во Кнежевството.

„Благодарност до мојот тим, до семејство и до сите кои ме поддржуват. Минав низ тежок период во изминатите пет месеци поради повреди што ме следеа. Овој ден е специјален за мене. Чувството е посебно при секое освојување на Монте Карло. Благодарност и до публиката. Се гледаме догодина“, истакна Надал.

Трофејот во Монте Карло е вкупно 31. од Мастерс серијата за Шпанецот. Со тоа го претекна досегашниот рекордер Новак Ѓоковиќ кој има 30 победи на турнирите од категоријата 1,000.

„Честитки и до Кеи за одличните изданија на турнирот. Секогаш е тешко да се вратите на терен по период на повреди. Среќен сум што повторно игра добар тенис“, додаде моментно водечкиот на АТП листата.

Надал наскоро ќе има нова шанса за продолжување на жетвата на Мастерс трофеи од серијата 1,000. Пред шпанскиот тенисер е турнирот во Мадрид од шести до 13 мај каде ќе настапи како бранител на титулата.

Мастерс Монте Карло Рафаел надал тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.