Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наградата „22 Ноември“ за професорите Авзи Мустафа и Африм Османи

0
By Zoran Ivanov on November 22, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Професорите Авзи Мустафа и Африм Османи денеска ја добија државната награда „22 Ноември“ за 2024 година. Оваа награда се доделува како признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во државата.

Наградата им беше доделена во Собранието, а одлуката беше донесена од страна на Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“.

Проф. д-р Авзи Мустафа по повод добивање на наградата денеска изјави дека ова признание за него е многу значајно, но и емотивно, затоа што се доделува токму на денот кога е усвоена албанската азбука.Тој изрази загриженост од недоволната заштита на мајчините јазици.

Ова признание за мене не е прво, но е многу значајно и емоционално влијае кај мене, затоа што се доделува токму на денот кога е усвоена албанската азбука. Она што јас сега го гледам и следам околу јазиците, е дека сите ние треба да бидеме загрижени околу начинот на кој ги чуваме нашите мајчини јазици. Можам да кажам дека повеќе не постои мајчин јазик, туку имаме прв, втор, трет јазик, изјави Мустафа.

Според него, токму оваа состојба треба да предизвика јазична „ургенција“ што е тоа што ние треба да преземеме во иднина, за да го заштитиме мајчиниот јазик.

На моите внуци и внуки мајчин јазик им е повеќе англискиот. Тие секој ден меѓу себе комуницираат на англиски јазик, а нашите мајчини јазици слабо ги употребуваат. За мене ова претставува јазична ургенција, што ние треба да преземеме во иднина, како да ги заштитиме мајчините јазици. Во Обединетите нации има определен ден за мајчините јазици, но сепак и ова не е доволно. Треба да направиме една стратегија во однос на тоа како да ги заштитиме овие наши убави јазици, затоа што за мене нема мал или голем јазик, туку сите јазици се важни. Во иднина треба да најдеме соодветна стратегија, затоа што глобализацијата си го прави своето. Ако не се освестиме со време, ќе ги загубиме нашите мајчини јазици, рече Мустафа.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.