Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најава од Развојната банка: Од среда „ковид 2“ бескаматна кредитна линија за компаниите

0
By Нова ТВ on April 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вториот пакет бескаматни кредити преку Развојната банка наречен „ковид 2“ веќе од среда ќе им биде достапен на микро, малите и средни компании погодени од корона-кризата во Македонија. Овој пакет, за разлика од претходниот, е пообемен и нема ограничување на дејностите кои може да аплицираат, а еден од условите за аплицирање е компаниите да имаат пад на приходите за 30 отсто.

Минималниот износ за одобрување на средства е 3.000 евра, а максималниот износ 90.000 евра. Кредитите се бескаматни, рокот на отплата е до три години со грејс период од 12 месеци, додека трошоците кон Развојната банка се сведени на нула. Кредитната линија е со вкупен износ од осум милиони евра што се обезбедени преку компензацискиот фонд на Јапонија.

Според министерката за финансии Нина Ангеловска, ова е значајна финансиска инјекција за микро, малите и средни претпријатија со цел да се сочува ликвидноста на компаниите и да се заштитат работните места.

„Линијата „ковид 2“ нуди поголема сума за бескаматни кредити од линијата „ковид 1“, но и поголем износ на поединечни кредити и она што е важно е дека ги опфаќа сите дејности погодени од кризата. Има олеснети услови и олеснет начин за аплицирање“, рече Ангеловска на денешната прес-конференција во Владата.

Аплицирањето ќе биде електронски, а документацијата за „ковид 2“ е речиси иста како и за првиот пакет „ковид 1“. Во соработка со Централниот регистар е договорено потребните документи од оваа институција да се издаваат бесплатно.

Јапонската амбасадорка во земјава Кеико Ханеда во видео обраќање изрази поддршка за мерките што ги презема Владата и надеж дека тие ќе помогнат на компаниите да продолжат да работат и да се сочуваат работните места.

„Сите земји се борат против коронавирусот и во овие тешки времиња треба заедно да работиме и да се подржуваме. Мило ми е што уште еднаш можеме да го потврдиме цврстото пријателство меѓу Северна Македонија и Јапонија“, порача Ханеда.

За првиот повик „ковид 1“ досега се одобрени средства за 254 компании со околу 3.000 вработени во вкупен износ од 2,2 милиони евра.

Вкупниот износ на средства што се даваат на располагање на компаниите со двата повика изнесува 13,7 милиони евра. Покрај ова, компаниите имаат на располагање и околу 50 милиони евра преку комерцијалните банки.

економија кредити Македонија Претпријатија Развојна банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.