Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најголем дел од земјите на ЕУ ги отворија границите во Шенген зоната

0
By Нова ТВ on June 15, 2020 СВЕТ
Фото: bbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќето земји-членки на ЕУ денеска ги отворија границите за патување низ Шенген зоната. И Германија и Франција ги отворија своите граници, додека помал број земји, меѓу кои Шпанија и Португалија, се очекува тоа да го сторат до крајот на месецот. Од 1 јули треба да следи втората фаза од отворањето на ЕУ, што се однесува на постепеното укинување на ограничувањата на надворешните граници на Шенген, во кои се вклучени и земјите од Западен Балкан.

Патниците од денеска на пладне преку апликацијата „Повторно отворете ја ЕУ“ ќе можат да добиваат ажурирани информации за граничните премини, за можните ограничувања на патувањето, мерките што сè уште се во сила за заштита на јавното здравство во одделни земји. Врз основа на позитивните информации за епидемиолошката состојба низ ЕУ, Европската комисија (ЕК) ги повика сите земји-членки да ги укинат внатрешните гранични контроли во Шенген.

„Епидемиолошката состојба ширум ЕУ брзо се подобрува. Европскиот центар за контрола и спречување на инфекции оцени дека контролите на внатрешните граници меѓу членките на ЕУ не се ефикасен начин за борба против Ковид-19“, се вели во соопштението.

На предлог на ЕК, земјите членки веќе почнаа консултации за постепено и делумно укинување на ограничувањата на надворешните граници на ЕУ што треба да почне на 1 јули.

„Европската комисија предлага Западен Балкан да биде на списокот на оние на кои ќе им се отвори границата од 1 јули“, рече комесарот за внатрешни работи, Илва Јохансон.

Таа додава дека целиот процес мора да биде координиран и дека најважната цел е заштита на јавното здравство.

Критериуми што треба да се земат предвид при постепено отворање на надворешните граници на ЕУ со трети земји се епидемиолошката состојба, мерките за заштита при патување, како и принципот на реципроцитет, т.е. доколку ЕУ ги отвори границите за влез во Шенген кон трети земји и таа  земја, исто така, треба да ги отвори своите граници за сите членки на ЕУ.

Граници ЕУ Коронавирус Шенген зона
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.