Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најмладата „удри“ на највозрасната на Вимблдон: Коко Гоф ја испрати В. Вилијамс дома

0
By Нова ТВ on July 1, 2019 СПОРТ
Фото: wimbledon.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 1, 2019 23:11

Американската тинејџерка Кори Гоф има само 15 години меѓутоа успеа да го сврти планетарното внимание од комплексот на терени на „All England Club“ во Лондон. Таа е атракција на првиот натпреварувачки ден на Вимблдон по сензационалниот триумф над нејзината сонародничка Венус Вилијамс со 6:4, 6:4. Згора на тоа е најмлада учесничка во историјата на неофицијалното светско првенство, дополнителен факт за доживотно паметење на дебито во главната ждрепка на гренслем турнирите.

Фото: wimbledon.com

Гоф, која моментно е 313. на ВТА листата, го комплетира подвигот за час и 20 минути игра. Еден брејк ` беше доволен за освојување на првиот сет додека во вториот, во два наврата, одземање гем на сервис на 24 години повозрасната противничка за неверување по последниот поен над нејзината хероина од детството. Кога дојде на свет во март во 2004 година, Венус Вилијамс веќе имаше освоено четири гренслем трофеи, но денеска беше немоќна да спречи рана елиминација на турнирот на кој победуваше пет пати во кариерата.

„Да бидам искрена, не знам што треба да очекувам. За првпат се расплакав по добиен натпревар. Не можам да опишам како ми е. Цело време си велев дека треба да останам мирна. Никогаш досега не сум играла на толку голем терен и морав постојано да се потсетувам дека линиите имаат иста големина како и на терените на кои играв досега“, изјави Гоф, ланска победничка на Ролан Гарос во јуниорска конкуренција, чиј прекар е Коко.

Нејзина наредна противничка на Вимблдон е словачката тенисерка Магдалена Рибарикова која со 6:2, 6:4 во првото коло ја порази Алина Забаленка од Белорусија.

Вимблдон 2019, 1 коло

Жени

Путинцева (Казахстан) – Осака (2., Јапонија) 7:6, 6:2

Ка. Плишкова (3., Чешка) – Жу (Кина) 6:2, 7:6

Халеп (7., Романија) – Саснович (Белорусија) 6:4, 7:5

Свитолина (8., Украина) – Гаврилова (Австралија) 7:5, 6:0

Рибарикова (Словачка) – Забаленка (10., Белорусија) 6:2, 6:4

Севастова (12., Летонија) – Ан (САД) 6:3, 6:4

Возњацки (14., Данска) – Сорибес Тормо (Шпанија) 5:4 / Сорибес Тормо го предаде мечот

Бренгл (САД) – Вондрусова (16., Чешка) 6:4, 6:4

Киз (17., САД) – Кумхум (Тајланд) 6:3, 6:2

Контавеит (20., Естонија) – Роџерс (САД) 6:0, 3:6, 6:4

Жанг (Кина) – Гарсија (23., Франција) 6:4, 6:0

Мартиќ (24., Хрватска) – Брејди (САД) 3:6, 6:3, 6:4

Кенин (27., САД) – Шарма (Австралија) 6:4, 6:2

Хсиех (28., Тајпеј) – Остапенко (Летонија) 6:2, 6:2

Томљановиќ (Австралија) – Касаткина (29., Русија) 6:3, 6:1

Сакари (31., Грција) – Пера (САД) 7:6, 6:3

Гоф (САД) – В. Вилијамс (САД) 6:4, 6:4

Азаренка (Белорусија) – Корне (Франција) 6:4, 6:4

Флипкенс (Белгија) – Јакуповиќ (Словенија) 6:1, 6:3

Викмаер (Белгија) – Петерсон (Шведска) 6:4, 6:3

Венус Вилијамс Вимблдон Кори Гоф тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.