Маскирани напаѓачи упаднале на роденденска забава во градот Тизајука во Мексико, при што ги убиле сите 11 возрасни лица кои биле на прославата.
Полицијата соопшти дека на местото биле пронајдени три деца кои напаѓачите веројатно одлучиле да не ги убијат.
Забавата била организирана во шатор пред домот на детето кое славело роденден.
Се уште се испитува дали ова убиство е поврзано со нарко картели.
Само во мај, околу 2.200 убиства се регистрирани во Мексико, околу 70 на ден, а според полициските извештаи тоа најчесто било убиство од страна на платени убијци врз цели семејства.