Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Напаѓачот на Шеќеринска се изјасни за виновен-пресудата за една недела

0
By Нова ТВ on October 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пресудата на обвинетиот Панче Ангелов за нападот врз актуелната министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска на 27.април при упадот во Собранието, ќе биде изречена за една недела, откако тој на денешното судско рочиште се изјасни за виновен.

– Разбрав за што сум обвинет, се чувствувам виновен за кривичното дело. Го признавам во целост како што е напишано во обвинителниот акт. Се извинувам кон целата јавност за тоа грозомормно дело што го направив и им се извинувам на оштетените во оваа кривична постапка, изјави Ангелов на судењето.

Неговиот адвокат, Драган Пешевски, кој му беше доделен по службена должност, го замоли судот да му одреди пониска казна. Како олеснителна околност го наведе неговото признание, возраста, каењето, како и досегашната неосудуваност, додавајќи дека Ангелов кривичното дело го сторил во момент на афект.

Обвинителката во овој случај, побара Судот да го казни обвинетиот, но рече притоа да се ценат олеснителните, но и отежителните околности.

Признанието, како што вели обвинителката,  може да ја спушти казната за 70 проценти, но исто така треба да се ценат и отежнителните околности, бидејќи без повод и причина на подмолен начин ја искористил немоќта на жртвата.

Според обвинението, тој бил во првата група која влегла во Собранието на 27.април и заедно со најсилните и најнасилните луѓе се упатил директно во прес-салата.

Најпрво му упатил закани на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потоа ја нападнал Шеќеринска, а фрлил и шише кон други пратеници. И двајцата се здобиле со тешки телесни повреди.

Панче Ангелов е познат во јавноста како човекот кој Шеќеринска, тогашна пратеничка, ја повлече за коса откако беше удрена со метален статив по глава.

За кривично дело насилство предвидена е казна затвор од три до 10 години.

27.април Панче Ангелов признание Радмила Шеќеринска Собрание судско рочиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.