Обидот за убиство на поранешниот министeр за здравство и екс вицепремиер го направил Љупчо Стојановски, 57 годишен граѓанин на Велес кој веднаш е приведен од страна на полицијата.

Инцидентот се случил пред околу половина час, пред влезот на Министерството за здравство, додека тој влегувал во зградата за да му ја предаде функцијата на новиот министер Таравари.

Фото Вест

Денес околу 12.00 часот пред објектот на Министерството за здравство лицето Љупчо С.(1957) с.Д.Каласлари-Велес по кажување на очевидци на настанот испукал два проектила од пиштол кон поранешниот Министер за Здравство Никола Тодоров.Повредени лица нема ,лицето е приведено,а на лице место пронајдена е една чаура.Увид се врши, сооптија од МВР.

Фото Вест