Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Напред „спартанци“: Македонските одбојкари против Финска во дебито на ЕП

0
By Нова ТВ on September 12, 2019 СПОРТ
Фото: eurovolley.cev.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската машка одбојкарска репрезентација е четврти национален тим што ќе заигра на Европско првенство по кошаркарите, ракометарите и ватерполистите. Нејзин ривал попладнево (17.30 ч., МТВ 1, ТВ „Арена Спорт 2“) во арената „Стожице“ во Љубљана ќе биде Финска во меч од првото коло во групата Ц во која ќе играат уште Турција – Русија (14.30 ч.) и Словенија – Белорусија (20.30 ч.).

Предводени од селекторот Никола Матијашевиќ од клупата и капитенот Никола Ѓоргиев на терен, популарните „спартанци“ имаат единствена желба – победа за историја во дебитантскиот настап на големите турнири. Во таа насока се реализираа и двомесечните подготовките, најпрво во Маврово, а потоа и во Скопје во комбинација со неколку контролни средби (по две со Шведска и со Австрија и по една со Украина и со Бугарија на турнирот „Бранко Хаџииљоски Чајка“) со цел што повоиграно да се влезе на ЕП.

„Првиот меч на Европското првенство за нас е како финале пред финале. Мечот со Финска ќе ги покаже нашите перформанси и можности во Љубљана. Како дебитанти, треба да одиграме без никаков притисок, но успешно минавме низ квалификациите и заслуживме да сме овде. Мора често да бидеме на европско ниво и само така може да размислуваме на пласман во нокаут фазата“, порача капитенот Никола Ѓоргиев од Љубљана.

Матијашевиќ во Словенија поведе 14 одбојкари, 14 „спартанци“ кои засекогаш ќе бидат запишани во историјата на македонската одбојка и спорт. Националните бои на ЕП ќе ги бранат: Дарко Ангеловски, Ѓорѓи Ѓоргиев, Ристо Николов, Никола Ѓоргиев, Владо Милев, Славе Наков, Александар Љафтов, Александар Милков, Филип Деспотовски, Филип Николовски, Иван Андонов, Филип Маџунков, Стојан Илиев и Васе Михаилов.

Натпревари на Европското првенство, покрај во Словенија, ќе се играат и во Франција, во Белгија и во Холандија. Титулата на турнирот, што ќе се пренесува во 150 држави во светот, ја брани Русија.

ЕП во одбојка (м) 

Група А (Франција)

Бугарија – Грција (14.15 ч.)

Португалија – Италија (17.15 ч.)

Франција – Романија (20.45 ч.)

Група Б (Белгија)

Србија – Германија (15 ч.)

Словачка – Шпанија (17.30 ч.)

Белгија – Австрија (20.30 ч.)

Група Ц (Словенија)

Турција – Русија (14.30 ч.)

Финска – С. Македонија (17.30 ч., МТВ 1, ТВ „Арена Спорт 2“)

Словенија – Белорусија (20.30 ч.)

Група Д (Холандија)

Чешка – Украина (14 ч.)

Естонија – Полска (17 ч.)

Холандија – Црна Гора (20 ч.)

ЕП 2019 Македонија Одбојка (м) Финска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.