Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Насилство во Центар“ одложено, сослушан само еден сведок

0
By Нова ТВ on August 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 30, 2018 12:37

По сослушувањето на само еден сведок денеска во Кривичниот суд Скопје е прекинато рочиштето за предметот на СЈО „Насилство во Центар“, и продолжението е закажано за 17 септември.

На денешното рочиште беше сослушан само сведокот Никола Ѓеорѓиевски советник на „Нова Алтернатива“ во општина Центар.

Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

Тие се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

По завршувањето на денешното рочиште, адвокатот Боро Тасевски, кој вчера беше парично казнет за неприсуство на судењето на ексминистерката Гордана Јанкуловска во издвоениот предмет „Тенк“, повторно говореше дека барањето за поголема динамика на предметите што ги води Специјалното јавно обвинителство од страна на специјалната обвинителка Катица Јанева е насочено кон кршење на основните права на обвинетите и на бранителите во постапките што ги води ова Јавно обвинителство.

-Никола Груевски мораше да присуствува на рочиштето за предметот т.н. „Општина Центар“, а во исто време беше закажана и јавна седница пред Апелацискиот суд по неговата жалба во предметот „Тенк“. Груевски избра да присуствува на судењето за „Насилство во Центар“, а ние како бранители од страв можеме да бидеме казнети доколку предизвикаме одлагање на вакво рочиште поучени од примерот од претходниот ден кога не беше прифатено одлагање на рочишта поради преклопување на термини и имаше казнување на бранители, истакна Тасевски.

Според него, ова е прекршување на правата на обвинетите и бранителите да формираат сериозна и ефективна одбрана во овие предмети, нагласувајќи дека не може одбраната да се изнесува во трчање, туку дека е потребна подготовка за рочиштата.

Одговарајќи на прашање дали обвинетите намерно ангажираат едни исти адвокати со цел да се одолжуваат и одложуваат рочиштата, Тасевски рече дека нема таква намера и дека досега такво нешто не се случувало, туку тоа се случува сега откако почнува да се преклопуваат предметите.

– Досега ваква ситуација, со преклопување на термини на бранителите,  немаше или, пак, доколку имаше – беа инцидентни, што лесно се решаваа, истакна Тасевски и додаде дека голем број адвокати се ангажирани во овие предмет.

Груевски денеска не се појави на седницата на Апелациониот суд Скопје поради што беше одложена расправата по неговата и по жалбата на  поранешниот раководител во МВР Ѓоко Поповски за пресудата за набавката на мерцедесот вреден 600.000 евра.

Груевски го известил судот дека во исто време е на судење за случајот „Насилства во Центар“ исто како и неговите адвокати.

Своето отсуство не го оправда само адвокатот Дончо Наков. Со ова не беа исполнети условите за почеток на седницата по што таа беше одложена.

За случајот „Тенк“, експремиерот Никола Груевски доби казна затвор од 2 години, а второобвинетиот Ѓоко Поповски, доби 6,6 години затвор.

насилство во Центар одложено судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.