Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО во Албанија ќе гради воздухопловна база за Западен Балкан

0
By Нова ТВ on August 4, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НАТО во Албанија ќе гради воздухопловна база за Западен Балкан, објави премиерот Еди Рама на неговиот фејсбук профил.

„Северноатлантскиот совет ја одобри одлуката за изградба на првата воздухопловна база во Албанија за Западен Балкан. Со средства на Алијансата и во партнерство со Владата на Република Албанија, НАТО ќе инвестира над 50 милиони евра само за првата фаза од проектот за модернизација на воздухопловната база во Кучово“, напиша Рама.

Тој додаде дека преку овој проект, што се очекува да започне во текот на годинава, Кучово ќе служи како база за поддршка на НАТО за снабдување од воздух, логистичка поддршка, поддршка за воздухопловната полиција, како и обука и вежби на Алијансата.

„Кучово, исто така, ќе служи како национална база за албанските воздухопловни сили, а оваа стратешка инвестиција на НАТО во Албанија ќе донесе нов стандард на нашите вооружени сили. Несомнено, оваа голема инвестиција создава нови можности за економски и социјален развој на целиот регион каде што се планира да се изгради оваа нова воздухопловна база според последната технологија“, напиша Рама.

Тој посочи дека во тек се директни разговори со албанскиот стратешки партнер, САД, за понатамошна модернизација на албанските воздухопловни капацитети. Наскоро, како што најавува Рама, се очекуваат заеднички одлуки од овие разговори да одат на одобрување на американскиот конгрес.

Албанија База Еди Рама Кучово НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.