Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Навреди и закани: Дел пратеници кои гласаа „за“ под полициска заштита

2
By Нова ТВ on October 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 21, 2018 16:20

Дел од македонските пратеници кои се изјаснија позитивно за отпочнување на измените во Уставот за промена на името на државата се под 24 часовна полициска заштита за зачувување на нивната сигурност и безбедност, објави неделникот „Фокус“ повикувајќи се на неименувани извори во Министерството за внатрешни работи (МВР). Во текстот се наведува дека под полициска заштита не се само пратениците од опозицијата кои експресно беа исклучени од членство во ВМРО ДПМНЕ бидејќи го поддржаа предлогот на македонската Влада туку и пратеници на владеачкото мнозинство.

„Дел од пратениците сами побараа заштита, а за дел одлучи полицијата“, велат извори од МВР за неделникот без притоа да наведат за колку точно пратеници станува збор од вкупно 80. колку што гласаа „за“ почеток на уставните измени во рамки на Договорот од Преспа со соседна Грција.

Премиерот Зоран Заев веднаш по гласањето во петокот доцна вечерта и вети на групата од осум пратеници од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ дека ќе бидат заштитени заедно со нивните семејства.

Откако предлогот на Владата за отпочнување на уставните измени го доби потребното двотретинско мнозинство во македонското Собрание, на социјалните мрежи се засилени пцовки, навреди и закани кон пратениците кои гласаа „за“. На Фејсбук профилите на самите пратеници се оставаат вулгарни пораки, а во една од нив се повикува на ликвидација на седумте пратеници на ВМРО ДПМНЕ, кои во петокот вечер беа исклучени од партијата, со објавување на некролози од нив.

ВМРО-ДПМНЕ гласање закани полиција пратеници Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.