Голден Стејт не жалеше пари, Стеф Кари, пак, воопшто не размислуваше. Освојувачот на шампионскиот прстен во НБА лигата и извонредниот бек шутер ја продолжуваат соработката со договор што ќе биде рекорден.
Кари се обврза да остане меѓу „вориорси“ до 2022 година за сума од 201 милиони долари што го прават далеку најплатен играч на Голден Стејт. Ако досега го ставаше тимот пред парите, овојпат реши да наплати се.
Со ова Голден Стејт го реши првиот и најголем проблем што го имаше по победата во големото НБА финале со Кливленд. Па, откако го понуди највносниот договор за Кари, а тој стана прв кошаркар што ја надмина границата од 200 милиони, сега на ред е обид за задржување и на Кевин Дурент како втора цел на управата за наредниот период.