Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неделен извештај на ИЈЗ: За седум дена нови 11.123 случаи на ковид-19, околу 60 отсто се Омикрон

0
By Sashko on January 18, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: theguardian.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 18, 2022 08:10

Во периодот од 10 до 16 јануари годинава во земјава се регистрирани вкупно 11.123 нови позитивни случаи на ковид-19, што е зголемување од 33,9% во однос на претходната седмица. Тестирани се вкупно 45.401 материјали или 14,7% помалку во однос на претходните седум дена, а процентот на позитивност се движел од 21,4% до 30,2%, просечно 24,4%, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Најголем дел од случаи се регистрирани во Скопје (5.630; 50,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево (1.152,4/100.000) и во Битола (1.035,5/100.000)

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група од 30 до 39 години, а најмал број има кај децата до девет години.

Се забележува зголемување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, особено кај лицата над 60 години со раст од 99,6% и оние од 50 до 59 со зголемување од 90,3% во однос на претходната недела. Минимално намалување на бројот на заболени има кај возрасните групи од 20-29 години (-4,3%) и од 10-19 години (-2,5%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 6.029 (54,2%) лица од женски и 5.094 (45,8%) од машки пол.

Со статус „оздравени“ се стекнале 5.403 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.247 реинфекции, со зголемување од 31,8% во однос на претходната недела. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 3.380 реинфекции, што е 1,4% од вкупниот брои на инфицирани.

Пријавени се 55 смртни случаи во 15 градови, за 34,1% повеќе од минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (22) и од возрасната група над 60 години.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, во периодот од 10-15.01.2022, изведен е ПЦР тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism -Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P на вкупно 96 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а кај 57 од нив (59,4%) е детектирана Омикрон варијантата (B1.1.529). Омикрон варијантата е откриена во седум градови и
тоа во: Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Кочани, Велес и Гевгелија.

Според извештаите од болниците, моментно се хоспитализирани 439 лица (25,1% повеќе во споредба со претходна недела), а од нив 251 добиваат кислородна поддршка и 26 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптоми пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (59,3%), кашлица (44,8%) и малаксаност (43,5%). Регистрирани се 62.107 (27,9%) асимптоматски случаи.

Заклучно со 16 јануари годинава, пријавени се вкупно 245.398 случаи на ковид-19. Регистрирани се 8.115 смртни случаи. Активни во моментот се 16.397 лица, а 220.886 се водат како оздравени.

Ковид-19 Македонија Неделна анализа Омикрон случаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.