Ким Мјонг Гил, шеф на севернокорејскиот преговарачки тим, изјави дека неговата земја ги напушти средбите за денуклеаризација со САД чиј домаќин е шведскиот главен град Стокхолм. Двете страни беа на маса во добар дел од денот, а Гил пред новинарите, за одлуката за повлекување од преговорите, образложи дека „американските претставници не сакале да отстапат од стариот став и согледување на работите“.

„Американците испорачаа големи очекувања од разговорите со најавите за флексибилен пристап, нови методи и креативни решенија, но длабоко нè разочараа и го уништија нашиот ентузијазам бидејќи не изнесоа ниту еден предлог на маса“ истакна главниот преговарач на Северна Кореја.