Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема официјална информација за разговор или средба Заев – Ципрас

1
By Нова ТВ on June 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 6, 2018 12:52

Владата се уште без официјален став за тоа кога би се реализирал евентуалниот телефонски разговор или средба меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во рамки на процесот на преговорите за решавање на спорот со името.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција не прецизира до каде се преговорите и дали е можна средба или телефонски разговор на премиерите на Грција и Македонија до крајот на неделава. Не сакаше да даде ниту коментар на објавата на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој повикувајќи се на неименувани дипломатски извори, објави дека во „четврток или петок ќе се случи средбата Ципрас – Заев во грчката Мала Преспа и потпишувањето на договорот.

– Имаме официјална прес-конференција во Владата на РМ. Не си дозволувале да коментираме неофицијални информации без разлика од какви извори доаѓаат, се додека немаат кредибилитет и легитимитет, рече Бошњаковски.

На прашањето дали до крајот на неделата се очекува разговор или средба Заев-Ципрас, Бошњаковски рече дека Владата останува на претходно кажаните ставови дека не навлегува во сферите на шпекулациите.

– Сметаме дека ова прашање е исклучително важно и тоа што претходно го најави премиерот останува како владин став и денеска, рече владиниот портпарол.

Премиерот Заев вчера изјави дека во прашање се денови кога ќе се случи телефонскиот разговор меѓу него и Ципрас и додаде дека во моментот се уште се создаваат околностите тоа да се случи.

Македонскиот премиер не сакаше да шпекулира за прифатливите предлози околу името, ниту за тие содржани во пакетот на медијаторот Метју Нимиц.

Процесот, според него е на самиот крај и изрази верување дека крајот ќе биде успешен.

– Прашањето е сензитивно и ќе останам внимателен. Овие денови сакам да бидат денови на успешно завршување на процесот. Кога сите детали ќе бидат договорени  веднаш ќе бидат споделени. Чувствително е кај нас, чувствително е и во Грција, рече Заев и додаде дека, сепак, за прашањето на крајот граѓаните ќе одлучуваат на референдум.

Бошњаковски Влада Заев средба Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.