Александар Чеферин ќе атакува по нов претседателски мандат во Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). Словенецот е на чело на фудбалската централа во Нион во изминатите три години години, откако ја презеде функцијата од Мишел Платини кој ја загуби власта во 2016 година по обвинувањата за вмешаност во коруптивен скандал.
Европската фудбалска асоцијација преку својата интернет страница објави дека Александар Чеферин ќе биде единствен кандидат за претседател на изборот што ќе се одржи за време на 43. Конгрес на УЕФА во Рим на 7 февруари во 2019 година.