Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Немирна ноќ во светот: Ракетите што паднаа во Полска ги кренаа на нозе НАТО, Г-20 и ЕУ

0
By Соња Крамарска on November 16, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полските власти одлучија да ја зголемат борбената готовност на некои воени единици во земјата поради инцидентот со падот на два проектили во источниот дел на земјата.

Ова го соопшти портпаролот на полската влада Пјотр Милер по вонредниот состанок на Комитетот за безбедност и одбрана во врска со вонредната состојба.

„Во врска со ситуацијата беше донесена одлука за зголемување на борбената готовност на некои воени единици на полска територија“, рече Милер.

Според него, во експлозијата загинале двајца граѓани. Милер рече дека надлежните служби ги истражуваат околностите на инцидентот.

Покрај тоа, полскиот претседател Анджеј Дуда разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за бомбардирањето во источниот дел на земјата и можноста за користење на членот 4 од договорот за консултации на Алијансата.

Претходно полскиот премиер Матеуш Моравјецки свика итен состанок на владиниот комитет за безбедност и одбрана, откако две ракети паднаа во Лублинско Војводство.

Наводно, ракетите погодиле машина за сушење жито, при што загинале две лица.

Министерството за надворешни работи на Полска соопшти дека ракетите кои паднале во источниот дел на земјата се од руско производство.

„Во 15 часот и 40 минути ракети од руско производство паднаа во селото Пржеводов во областа Хрубишов во војводството Лублин, при што загинаа двајца државјани на Република Полска“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Во врска со инцидентот, рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, бил повикан во полското Министерство за надворешни работи, каде од него биле побарани „детални објаснувања“.

САД и понудија поддршка на Полска во истрагата за ракетниот инцидент. Американскиот претседател Џо Бајден во разговор со својот полски колега Анджеј Дуда понуди целосна поддршка од САД во истрагата за бомбашкиот напад во Полска. Ова го соопшти Белата куќа. Бајден и Дуда, како што се наведува, се согласиле тесно да ги координираат следните чекори во врска со инцидентот во Полска.

Вашингтон и неговите сојузници рекоа дека ќе го истражат смртоносниот ракетен напад во Полска пред да одлучат што понатаму. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „малку веројатно“ ракетата да е лансирана од Русија.

„Се договоривме да ја поддржиме полската истрага за експлозијата“, им рече Бајден на новинарите по набрзина договорената средба на сојузниците на маргините на Г-20 во Бали, Индонезија.

„Ќе се погрижиме да разбереме што точно се случи… и потоа колективно ќе го одредиме нашиот следен чекор“, додаде Бајден по разговорите со лидерите на Г7 и другите европски земји.

На прашањето дали проектилот во кој загинаа две лица во селото Пшеводов во близина на украинската граница бил истрелан од Русија, Бајден рече дека има „прелиминарни информации кои го оспоруваат тоа“.

„Тоа е малку веројатно, но, ќе видиме“, рече тој.

Експлозијата во Полска, членката на НАТО, веднаш предизвика стравувања дека Алијансата би можела да биде вовлечена во речиси деветмесечната руска војна против Украина поддржана од Западот.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој исто така беше на Бали, предупреди дека е „апсолутно неопходно да се избегне ескалација на војната во Украина“.

И полскиот претседател Анджеј Дуда исто така повика на смиреност, велејќи дека нема „недвосмислени докази“ за тоа од каде потекнува ракетата што уби две лица и дека ја третира како „изолиран“ инцидент.

„Немаме индикации дека ќе има повеќе“, рече тој.

Претходно, Форин Офисот го повика рускиот амбасадор во Варшава да даде „веднаш детални објаснувања“ за нападот, што Москва негираше дека го извршила.

Во меѓувреме, полските власти одлучија да ја зголемат борбената готовност на некои воени единици во земјата поради инцидентот со падот на ракети во источниот дел на земјата.

Ова го соопшти портпаролот на полската влада Пјотр Милер по вонредниот состанок на Комитетот за безбедност и одбрана во врска со вонредната состојба.

„Во врска со ситуацијата беше донесена одлука за зголемување на борбената готовност на некои воени единици на полска територија“, рече Милер.

Се очекува Полска да побара итни консултации според член 4 од Договорот за НАТО, кој се применува кога членка на НАТО верува дека се загрозени нејзиниот „територијален интегритет, политичка независност или безбедност“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за експлозијата во Полска.

Инцидентот се случи откако Русија вчера започна бран ракетни напади на украинска територија што остави милиони домаќинства без струја и Зеленски го опиша како „шлаканица“ на Г-20.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изјави дека ќе свика состанок на лидерите на Европската унија (ЕУ) за време на самитот на Г20 поради инцидентот во Полска. Ова тој го изјави на својата страница на Твитер.

„Утре ќе предложам координативен состанок со лидерите на ЕУ кои ќе присуствуваат на самитот на Г-20 овде на Бали“, напиша Мишел.

ракети во Полска Русија Украина Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.