Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Несреќа Иран: Стариот авион однесе во смрт 66 луѓе

0
By Нова ТВ on February 19, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 19, 2018 09:27

Иранските спасувачки служби дошле до местото каде вчера се урна иранскиот авион пти што настрадаа 66 патници и членови на екипажот.

Иранската телевизија прикажала снимки од спасувачките екипи како пристигнуваат на самото место, кои утрово ја продолжиле потрагата по авионот.

Авионот АТР 72 на Асеман ерлајнс кој летач на релација Техеран Јасуџа се урна во близина на крајната дестинација.

Според авиокомпанијата, авионот исчезнал од радарот околу 45 минути по полетувањето.

Портпаролот на компанијата изјави дека авионот удрил во планината Дена висока околу 4.400 метри.

Стар авион, вратен во функција по седум години

Неколку часа по несреќата, светските медиуми излегоа со анализи за слабата техничка состојба на леталото. Авиокомпанијата Асеман ја отфрли можноста за технички проблем и тврди дека единствена причина за падот е лошото време.

Меѓутоа, локалните медиуми објавија дека неколку авиони, вклучувајќи го и оној што се урнал, имале технички проблеми во текот на изминатите неколку недели.

Сад Ахмед, главен аналитичар во Центарот за стратешки студии на Иран, коментира дека е премногу рано да се исклучи било која верзија.

-Сметам дека времето може да е проблем, но премногу е рано да се шпекулира, изјави тој за Ал Џезира.

На 26 октомври, Асеман ерлајнс објави дека овој авион е вратен во употреба откако седум години не се користел.

Подоцна, компанијата ја брише оваа порака од своите социјални медиумски платформи, но од нејзиниот профил на Инстаграм таа продолжува да се шири.

Авионот направил принудно слетување на 25-ти јануари. Подоцна се вратил на аеродромот во Техеран за технички преглед, каде што проблемот бил отстранет.

-Времето на планините, каде авионот се урнал, било прилично лошо. Се чини дека кога авионот се подготвувал за спуштање кон крајната цел, бил во погрешна позиција и удрил во планините, вели Дејвид Лирмонт, специјалист за воздухопловна безбедност и поранешен пилот.

Според Лирмонт, авионот кој се урна, бил ”многу добро тестиран модел на авион “, но не е погоден за тешкиот терен на Иран.

авион експерти Иран несреќа причини стар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.