НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николоски: Ова се избори за да престане „горењето“ на Македонија, на Скопје и на Центар

0
By Sashko on October 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и денеска, во отсуство на лидерот Христијан Мицкоски кој е во Љубљана, продолжи со предизборните активности. Вечерта беше посветена на жителите на Општина Центар во Скопје пред кои говореа потпретседателот Александар Николоски, кандидатката за градоначалник на центарци, Наташа Котлар Трајкова, носителот на советничката листа за Град Скопје, Трајко Славески, итн.

Мораме да ставиме крај на мафијата која што владее. Денеска ја видовте мафијата на дело, мафијата која што верува во слоганот – ако падне еден, паѓаат сите. И затоа денеска видовте само финале на нешто што, на ние што сме малку поискусни во оваа работа и во односот со Заевци, ни беше јасно од првиот ден, а тоа е дека ќе нема одговорност за 14 загубени човечки животи, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во општина Центар.

Николоски истакна дека најголем парадокс е што за 14 човечки животи не само што нема одговорност, туку има смешни образложенија дека кабелот и полначот за телефон се виновни.

Да е парадоксот најголем, 14 луѓе го изгубија животот онаму каде што одат да си го спасат животот. Значи животот го изгубија во болница. Не го изгубија на улица, не го изгубија во авион, не го изгубија во сообраќајна несреќа, туку го изгубија во болница, каде што отидоа да си го спасат сопствениот живот. Но, за жал, живи изгореа. И денеска гледаме едни смешни образложенија дека кабелот и полначот за телефон биле виновни за 14 изгубени човечки животи, рече Николоски.

Николоски вели дека „Филипче и Хасани не смеат да паднат, затоа што заедно градат хациенди и заедно ги носат торбите на Вице Заев во вила „Парк“ во Струмица“, додавајќи дека одлуката за немање одговорност најпрво ја кажал Артан Груби, а потоа Заев, укажувајќи дека не е Заев премиер, туку Груби.

Затоа што Венко Филипче не смее да падне, и Илир Хасани не смее да падне. Не смеат да паднат затоа што заедно градат хациенди на другата страна на Водно. Не смеат да паднат затоа што заедно му ги носат торбите на Вице Заев во вила Парк. Не смеат да паднат едноставно затоа што многу знаат и затоа нема одговорност за 14 загубени човечки животи, потенцираше тој.

Затоа, нагласи Николоски, на овие избори мора да се стави крај на таа работа, за да има одговорност, за да одговараат тие кои што изгореа 14 живи луѓе, за да престанат да ја горат Македонија, Центар и Скопје, порача Николоски од Центар.

Арсовска од Центар: Немаме тунел под Кале, ниту забавен парк, ниту Треска се врати на граѓаните, ниту реконструирана Универзална сала

„Каде е тунелот под Кале, каде е ветениот забавен парк, се врати ли спортско-рекреативниот центар Треска на граѓаните, се ревитализираше ли тој за скопјани. Езерото Треска е изградено со самопридонес од граѓаните, тоа нам ни припаѓа, тоа не е ничија своина за да го присвојува, а видовме дека не се знае ни како да се ревитализира, ниту да го реновираат, не пак да го вратат на скопјани“, критикуваше Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалник на градот Скопје, вечерва на митингот на
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Центар.

Арсовска вели дека за Универзална сала се најави реконструкција во ноември минатата година, па во март годинава повторно се најави реконструкција, а денеска сè уште нема реконструирана сала по четири години ветување, но овие работи ги нема никаде затоа што Скопје имаше „ќе“ градоначалник, кој ќе работеше и кој сега повторно ветува дека ќе ја реконструира Универзалната сала.

Скопјани кои секојдневно функционираат и живеат, на 17-ти октомври нема да дозволат овој терор да му се повтори на градот Скопје, вели Арсовска.

Таа посочи дека Скопје конечно ќе го водат професионалци, кои чесно ќе работат за подобар и модерен град, а Скопје треба да биде град кој ќе има мотивирана градска администрација.

Славески: Шилегов е толку неефикасен што не може ни ѓубрето од улиците да го собере и дупките да ги закрпи

Трајко Славески, носител на советничката листа за Град Скопје, на денешниот митинг во Центар пред граѓаните истакна дека на Скопје му се потребни проекти и создавање на нова иднина, ветувајќи дека Скопје ќе биде град со ред во сообраќајот, безбеден и ефикасен еколошки јавен превоз, како и град со нови можности за младите се со цел да останат и да творат овде.

На Скопје му се потребни проекти. Вистински, реални и остварливи. Не само списоци на желби и празни ветувања за мегаломански зафати. Не само мостови што не водат никаде. Ние се зафаќаме со решавање на вистинските проблеми на граѓаните. Размислуваме и планираме стратешки, темелно и долгорочно, а делуваме практично, брзо и сигурно. Град со ред во сообраќајот. Град со безбеден и ефикасен еколошки јавен превоз. Гасифициран град со можност за приклучок во секое домаќинство. Град со десетици илјади метри квадратни нови паркови. Град со нова Универзална сала, нов забавен парк. Град со нови можности за младите да останат да живеат и творат во Скопје. Тоа е Скопје што го сакаме, тоа е Скопје што го заслужуваме. Тоа е Скопје за кое вреди да се бориме, вели Славески.

Славески е дециден и порача дека скопјани повеќе не сакат загадено и уништено Скопје, туку модерен и европски град.

Ние скопјани повеќе не сакаме Скопје да биде валкано, замирисано, загадено, уништено. Не сакаме Скопје да биде во застој, уништено во духот. Ние заслужуваме модерно, вибрантно, европско Скопје. Наместо тоа, ние во изминативе години се соочуваме со градска управа што не може да ги остварува ни основните функции, ѓубрето не може да го собере. Дупките на улиците не може да ги закрпи. Уличните кучиња не може да ги прибере. Не само што ништо ново не создале, туку и она што го имаме не можат да го зачуваат, изјави Славески.

Славески повика на масовна поддршка за заедно со граѓаните да создадат нова иднина и за Скопје и за Центар.

Крајно е време вистинските професионалци да ја земат работата во свои раце. За да се случат промените и проектите, потребна ни е победа. Потребно ни е убедливо мнозинство во Советот на Град Скопје за да ја реализираме нашата визија за поубав град. Затоа, ве повикувам да ни се приклучите во огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје и во сите општини. Ајде сите заедно да победиме за да создадеме нова иднина за нашето Скопје. Ве повикувам да гласаме за бројот 7 за Совет на Град Скопје и да избереме нова иднина која ќе ја создаваме сите заедно. Ќе ги победиме неработењето, криминалот и корупцијата. На 17 октомври ќе ја создадеме новата иднина за Скопје, истакна Славески од Центар.

Котлар: Еден од позначајните проекти е формирање на иновативен парк за младите

Пред насобраните граѓани од општина Центар се обрати и опозициската кандидатка за градоначалничка, Наташа Котлар Трајкова која го нагласи формирањето на иновативен парк за младите како еден од поважните адут проекти со кои „трча“ во предизборната трка.  

Ние имаме сериозна намера да внесеме револуционерни промени. Затоа еден од позначајните проекти од програмата е формирање на иновативен парк за младите, изјави Наташа Котлар кандидатката за градоначалничка на Општина Центар на вечерашниот митинг.

Таа истакна дека Општина Центар треба да биде баланс на она што претставува луѓе, простор и современо живеење. И затоа еден од позначајните проекти од програмата е формирање на иновативен парк за младите.

Тие се наш фокус, затоа имаме низа на проекти што се однесуваат токму на нив. Исто така имаме проект кој што се однесува на подготовка на студија за пронаоѓање на причинителите за загадувањето, пред се во општината, но и поврзано со градот, истакна Котлар Трајкова.

Кандидатката за градоначалничка на Општина Центар, Наташа Котлар истакна дел од проектите што се наведени во нејзината програма, а тоа се:

-Проект за формирање иновативен парк за млади
-Проект на студија за пронаоѓање на причинителите за загадувањето
-Субвенции за енергетско ефикасни фасади
-Изградба на современи гаражи
-Реконструкција на станбени згради
-Систем за отпад на водите и собирање на отпад

Таа додаде дека, исто така, планира и низа на субвенции за енергетско ефикасни фасади, како индивидуални згради, куќи и реконструкција на станбени згради, систем на отпад на водите, собирање на отпад, изградба на современи гаражи, и многу други што се однесуваат до спортот и културата а особено на младите.

„Ние имаме сериозна намера да внесеме револуционерни промени, а тие промени ни се потребни за да ги реализираме нашите проекти, а нашите проекти ќе бидат резултат на нашата победа“, потенцираше Котлар.

Александар Николоски ВМРО-ДПМНЕ локални избори Македонија митинг Наташа Котлар Трајкова Општина Центар Трајко Славески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.