Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски потпиша нови 900 договори за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари

0
By Sashko on January 22, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: ypaithros.gr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 22, 2022 16:24

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска потпиша нови 900 договори за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo три хектари.

Овие договори се однесуваат на двата јавни повици објавени во август во 2021 година за површини во Битола, во Македонски Брод, во Виница, во Делчево, во Кочани, во Крива Паланка, во Крушево, во Кратово, во Кавадарци, во Росоман, во Неготино, во Пробиштип, во Радовиш, во Велес, во Берово, во Пехчево, во Валандово, во Гевгелија, во Струмица, во Прилеп и во Штип, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во периодот 2017-2019 година се стави акцент на зголемување на обработливите површини преку правична распределба на државната земја. Се склучија 700 договори за доделување државно земјоделско земјиште во закуп, се искористија 4.000 хектари државно земјоделско земјиште за закуп до три и над три хектари, се склучија 35 договори за површина од 124 хектари за производство на добиточна храна. За првпат се објави инвестициски оглас и се потпишаа 17 договори за изградба на винарници, кланици, млинови, оранжерии и откупни центри, со вкупна инвестиција од 11 милиони евра, а воедно се склучија договори за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошни објекти во функција. Преку измени на Законот за земјоделското земјиште се ослободија од плаќање на закупнина младите земјоделци до 40 години во првите три години од закупот, информираат од МЗШВ.

Министерот посочил дека договорите на апликантите ќе им бидат доделени на терен и дека праксата започната во периодот 2017-2019 година на неселективна распределба на земјата кај вистинските земјоделци, ќе продолжи и во наредниот период.

Државно земјоште Закуп земјоделство Љупчо Николовски Македонија МЗШВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.